Указ на свети Петар Могила за споменувањето на починатите родители

17.04.2021

Кога свети Петар Могила умрел и отишол на оној свет, тој видел што се случува таму, како душите на починатите страдаат. Го замолил Господа да го врати на земјата, како би тој, Петар, напишал поучение за оние кои живеат на земјата. И за да ние, кои живееме овде, да побрзаме и да знаеме, како да ги спасиме своите родители и роднини.
Свештеници сонувале сон, за да го откопаат од гробот телото на светиот Петар. Тие се собрале, и помолувајќи се, решиле да направат така. Светиот Петар, станал од гробот, го напишал овој указ-поучение и враќајќи се в гроб, одново отишол во Царството Небесно. Амин.

Read the rest of this entry »

Богородично правило по Уставот на свети Серафим Саровски (дополнета верзија)

16.12.2015

Преподобниот Серафим Саровски ги благословил своите духовни чеда секогаш кога ќе вршат литијски вход по Канавката (каналот околу Дивјеевскиот манастир, за кој се верува дека Антихристот не ќе може да го премине), да ја читаат „Богородице Дево“ 150 пати, односно да го читаат Богородичното правило, кое го содржи целокупниот живот на Пресветата Мајка Божја, кое е поделено на 15 дела според најважните случки од Нејзиниот живот. По откровение на самата Богородица исполнувањето на ова правило поважно е од Акатист, и оној кој што го исполнува ова правило се наоѓа под посебна заштита на Царицата Небесна.

,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘ Read the rest of this entry »

Молитва кон свети Јован Дамаскин

16.12.2015

Свети Јован Дамаскин (1)О, свети оче Јоване, големо светило на Православната Црква, ти што имаш голема смелост пред Господа, погледни на нас недостојните кои го просиме твоето застапништво пред престолот на Пресветата Троица.

Ти, кој од Пречистата извор на вода жива си наречен услиши ја оваа наша скромна молитва и принеси Му ја на Троединиот Бог.

Ти, кој Евангелието Свето си го живеел, непрестано моли се за нас.

Од Бога испроси ни за Православието ревност, зашто ти навистина си бил голем ревнител за него. Испроси ни храброст и истрајност во верата онаква каква што ти си ја имал. Испроси ни љубов, со која ти си изобилувал. Испроси ни трпение, ти си го имал.  Испроси ни смирение, со него си преизобилувал. Испроси ни послушание, оти со послушанието како ѕвезда најсветла си заблескал.

Измоли ни од Господа да ја спознаеме Вистината, зашто и ти си ја спознал. Моли го Бога да не обдари со изобилие на знаења, мудрост и премудрост, ти со тоа си се украсил. Со своите свети молитви оче наш Јоване од ересите и расколите избави нѐ, онака како што и Ромеите од иконоборечката ерес ги избави. Моли се да омекнат и срцата наши, онака како што и срцето твое како памук омекна.

Свети Јоване помогни ни да ја осознаеме минливоста и ништавилоста на овој трулежен свет, зашто ти премудро си ја осознал. Помогни ни да се избавиме од суетата, со која преизобилуваме, зашто во тебе суета не остана.  Помогни ни да ја победиме гордоста, која срцата наши ги изеде, зашто таа во срцето твое место не најде. Помогни ни свети оче да го зауздаме нашиот јазик за секое празнословие, та само непрестана молитва да извира од устите наши, зашто усните твои непрестано славословие Божјо принесуваа.

Свети Јоване моли Ѝ се и на Пресветата Богородица Трирачица, да и ние станеме нејзини миленици како што и ти миленик Нејзин постана. Та заедно со Неа измолете исцеленија за нашите дух, душa и телo, онака како што и за тебе некогаш измоли Пречистата исцеление на твојата отсечена рака.

О, свети оче Јоване, моли се за нас грешните да Бог ни ги опрости сите наши гревови, та отфрлајќи ја ништавилоста на овој свет и горејќи од љубов према Господа, да се удостоиме заедно со тебе да Го славиме пречесното и великолепно име на Пресветата, Неразделна и Единосуштна Троица, во три ипостаси прославениот наш  Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух, Кому Му прилега секоја слава, чест и поклонение сега и секогаш и во век и веков! Амин.

Житие на свети Јован Дамаскин

16.12.2015

Свети Јован ДамаскинПреподобниот Јован Дамаскин се роди во престолнината на Сирија, Дамаск[1]  од побожни родители од висок род[2], чија што огнена вера во Христа беше испробана во опасности и искушенија и се покажа посилна и подрагоцена од злато, кое иако во оган се испробува сепак е пропадливо. Тешко беше тоа време. Сарацените ја имаа покорено таа земја и завземајќи го славниот град Дамаск, им задаваа најразлични маки на христијаните: едни ги убиваа, други во ропство ги продаваа и никому не му дозволуваа јавно да го слави Христа. Read the rest of this entry »

СТАТИЈА ТРЕТА – на Велики Петок

22.04.2011

1. Народите сите
Погребението Ти
Христе, со песни го пеат.

Read the rest of this entry »

СТАТИЈА ВТОРА – на Велики Петок

22.04.2011

1. Достојно е,
Жизнодавче, да Те славиме;
Рацете на крст ги рашири;
Ја победи сета сила пеколна.

Read the rest of this entry »

СТАТИЈА ПРВА – на Велики Петок

22.04.2011

Благословен си, Господи, научи ме на Твоите заповеди.

1. стих: Блажени се непорочните кои одат според законот на Господа.

Живот си, Христе,
Но в гроб Те ставија,
Ангелските воинства се исплашија
Славејќи го Твоето смирение.

Read the rest of this entry »

Сонот на Пресвета Богородица

05.07.2010

Пресвета Богородица

ЗА ВЕРАТА

Христијанската вера не` учи што направил Бог за човечкото спасение, а што човекот треба да направи за да добие спасение.

Бог на луѓето им се објавува Себе си преку Своите дела –преку видливиот свет, а особено преку човечкиот разум, совеста и срцето. Тоа природно Божјо откровение ни овозможува да знаеме за Бога и Неговиот закон.

За да можеме правилно да веруваме и достојно да Го почитуваме Бога, на луѓето им е објавено Божјото слово. Тоа е објавено преку Божјите избраници, пророците, а особено преку Синот Божји, Господ Иисус Христос, и преку Неговите ученици, апостолите.

Пророците и апостолите, по упатство и вдахновение на Светиот Дух, напишале низа свештени книги, кои во себе го содржат Божјото натприродно откровение – објавување на луѓето. Тоа е запишаниот збор – Библијата или Свето писмо.

Светото писмо е поделено а Стар и Нов Завет. Книгите на Стариот завет ги напишале пророците, и тие го содржат Божјото објавување на луѓето до Христовото доаѓање на земјата. Книгите на Новиот завет ги напишале Христовите ученици, апостолите, а тие го содржат Божјото слово, кое ни го објави Господ Иисус Христос. Read the rest of this entry »

Чудата на свети Ефрем Неамакриски

25.06.2010

Светиот Ефрем Неамакриски твори многу чуда насекаде низ светот. Овде ќе бидат изложени неколку такви примери.

Шведскиот затвореник

Јас се викам Т.М. и иако сум Грк по потекло, живеам во Шведска. Пред 12 години бев обвинет за криминал кој не го сторив и бев осуден на 3 години затвор. Ме затворија во темна ќелија 5 месеци, да ја чекам мојата жалба која требаше да се разгледува на 18. декември 1981, петок.
Во четвртокот вечерта во 3 часот, се разбудив изненадно, исплашен, и бев на нозе пред да сватам дека сум буден. Пред мене стоеше човек, бос и облечен во бела хајлина, смеејќи ми се. Беше висок и слаб, со брада. Не носеше шапка, неговите очи беа сини и личеше љубезно.
Го прашав на шведски, „Кој си ти?“ Се насмевна повторно и подигнувајќи ги рацете ми одговори на грчки, „Утре ќе бидеш ослободен на судот“. Повторив, „Кој си ти? Од каде знаеш?“ Насмевнувајќи се ми повтори, „Утре ќе бидеш ослободен“. Се свртив кон врата восхитен да видам дали ја оставил вратата отворена. Таа беше затворена. Повторно погледнав во посетителот и искусив нешто што никогаш нема да го заборавам се дури сум жив. Фигурата на мажот се издигна кон горниот агол на ќелијата, каде што и исчезна. Бев убеден дека штотуку бев сведок на чудо Господово. Се прекрстив и заспав. Read the rest of this entry »

Свети Ефрем Неамакриски – Великомаченик и чудотворец

25.06.2010

Житие

Новомаченикот Ефрем е роден во Грција на 14. септември 1384 година. Татко му се упокоил уште дури свети Ефрем бил мал, а богоугодната му мајка останала да се грижи за своите седум деца.

Кога свети Ефрем наполнил 14 години седобриот Бог го упатил во манастирот на гората Амоман, во близина на Неа Макри на полуостровот Атика. Манастирот во кој живеел бил посветен на светото Благовештение Богородично и на света Параскева. Овде го понесол Крстот Христов, крст кој сите Негови следбеници мораат да го понесат. Запален со љубовта кон Бога, Свети Ефрем целосно се предал на монашката дисциплина. Скоро 27 години во сѐ ги поддржувал светите отци и пустински подвижници. Со божествена ревност, го следел Христа и ги отфрлил сите замки на светот. По милоста Божја, се очистил себе си од сите душоуништувачки страсти и постанал престојувалиште на Светиот Дух. Достојно го носел свештеничкиот чин и служел во олтарот со огромна почит и длабоко покајание. Read the rest of this entry »