Богородично правило по Уставот на свети Серафим Саровски (дополнета верзија)

Преподобниот Серафим Саровски ги благословил своите духовни чеда секогаш кога ќе вршат литијски вход по Канавката (каналот околу Дивјеевскиот манастир, за кој се верува дека Антихристот не ќе може да го премине), да ја читаат „Богородице Дево“ 150 пати, односно да го читаат Богородичното правило, кое го содржи целокупниот живот на Пресветата Мајка Божја, кое е поделено на 15 дела според најважните случки од Нејзиниот живот. По откровение на самата Богородица исполнувањето на ова правило поважно е од Акатист, и оној кој што го исполнува ова правило се наоѓа под посебна заштита на Царицата Небесна.

,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘

Символот на верата

Верую во Единого Бога Отца Вседержителя, Творца неба и земли, видимым же всем и невидимым.

И во единаго Господа Иисуса Христа, Сына Божия, Единороднаго, Иже от Отца рожденнаго прежде всех век; Света от Света, Бога истинна от Бога истинна, рожденна, несотворенна, единосущна Отцу, Имже вся быша.

Нас ради человек и нашего ради спасения сшедшаго с небес и воплотившагося от Духа Свята и Марии Девы и вочеловечшася.

Распятаго же за ны при Понтийстем Пилате, и страдавша, и погребенна.

И воскресшаго в третий день по Писанием.

И возшедшаго на небеса, и седяща одесную Отца.

И паки грядущаго со славою судити живым и мертвым, Егоже Царствию не будет конца.

И в Духа Святаго, Господа, Животворящаго, Иже от Отца исходящего, Иже со Отцем и Сыном спокланяема и сславима, глаголавшаго пророки.

Во едину Святую, Соборную и Апостольскую Церковь.

Исповедую едино крещение во оставление грехов.

Чаю воскресения мертвых,

и жизни будущаго века.

Аминь.

Верувам во Eдиниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на сè видливо и невидливо.

И во Eдиниот Господ Иисус Христос, Син Божји, Eдинороден, Кој е роден од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистинит од Бога вистинит, роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè бидна.

Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Духот Свети и Марија Дева и се вочовечи.

Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребан.

И Кој воскресна во третиот ден според Писмото.

И Кој се вознесе на небесата и седи оддесно на Отца.

И Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Неговото Царство не ќе има крај.

И во Духот Свети, Господ, Животворец, Кој од Отца исходи, Кој со Отца и Сина е сопоклонуван и сославуван, Кој говорел преку пророците.

Во едната, света, соборна и апостолска Црква.

Исповедам едно крштение за отпуштање на гревовите.

Го чекам воскресението на мртвите.

И животот во идниот век.

Амин.

Отче наш

Отче наш, Иже еси на небесех! Да святится имя Твое, да приидет Царствие Твое, да будет воля Твоя, яко на небеси и на земли. Хлеб наш насущный даждь нам днесь; и остави нам долги наша, якоже и мы оставляем должником нашим; и не введи нас во искушение, но избави нас от лукаваго. И бо твоя есть сила и слава вовеки веков. Отче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес и отпушти ни ги долговите наши како што и ние им ги отпуштаме на нашите должници и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.

Богородице Дјево

Богородице Дево, радуйся, Благодатная Марие, Господь с Тобою; благословенна Ты в женах и благословен плод чрева Твоего , яко Спаса родила еси душ наших. Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благославен е плодот на утробата Твоја, зашто си го родила Спасителот на душите наши.

Милосердија двери

Милосердия двери отверзи нам, благословенная Богородице, надеющиися на Тя да не погибнем, но да избавимся Тобою от бед: Tы бо еси спасение рода христианского. Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице, на нас кои се надеваме на Тебе, да не погинеме, но да се избавиме преку Тебе од беди, зашто Tи си спасение на родот христијански.

Достојно ест

Достойно есть яко воистину блажити Тя Богородицу, Присноблаженную и Пренепорочную и Матерь Бога нашего. Честнейшую херувим и славнейшую без сравнения Серафим, без истления Бога Слова рождшую, сущую Богородицу Тя величаем. Достојно е навистина да Те ублажуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено го роди Бога Словото, вистинска Богородице ние Те величаме.

Возбраној војеводје (Кондак Богородичен, гл. 8.)

В[о]збранной Воеводе победительная, яко избавльшеся от злых, благодарственная восписуем Ти раби Твои Богородице: но яко имущая державу непобедимую, от всяких нас бед свободи, да зовем Ти: Радуйся Невесто Неневестная. Тебе, Богородице поборнице – Војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радувај се, Невесто Неневесна!
 

Прва десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Рождество Богородично, глас 4:

Рождество Твое, Богородице Дево, радость возвести всей Вселенней: из Тебе бо возсия Солнце Правды, Христос Бог наш, и, разрушив клятву, даде благословение, и упразднив смерть, дарова нам живот вечный. Рождеството Твое, Богородице Дево, му јави радост на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата Христос, Бог наш. Тој ја уништи клетвата и ни даде благослов, ја победи смрта и ни даде живот вечен.
О, Пресвятая Владычице Богородице, спаси и сохрани всех православных христиан, умножь их веру и покаяние, а умерших упокой в вечной славе Господа нашего. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги и сочувај слугите Твои (имињата на родителите и роднините), а оние кои умреа (имињата) со Светиите упокој ги во вечната слава Твоја.

Втора десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Воведение Богородично, глас 4:

Днесь благоволения Божия предображение и человеков спасения проповедание: в храме Божии ясно Дева является и Христа всем предвозвещает. Той и мы велегласно возопим: радуйся, смотрения Зиждителева исполнение. Денес е почетокот на Божјата милост и проповеди за спасение на луѓето, во храмот Божји јасно Дева се јавува и однапред Христа на сите го предвестува, затоа и ние велегласно да и воспееме: Радувај се, исполнение на Божјата промисла!
О, Пресвятая Владычице Богородице, спаси и присоедини к Православной Церкви заблудших и отпадших рабов Твоих. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги, сочувај и присоедини ги во Светата православна Црква заблудените и отпаднати слуги Твои (имиња)

Трета десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Благовештението Богородично, глас 4:

Днесь спасения нашего главизна и еже от века таинства явление, Сын Божий Сын Девы бывает и Гавриил благодать благовествует. Темже и мы с ним Богородице возопиим: радуйся, Благодатная, Господь с Тобою! Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благодат благовестува. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радуј се , благодатна, Господ е со Тебе.
О, Пресвятая Владычице Богородице, спаси и сохрани отца моего духовнаго и святыми его молитвами помилуй мя грешнаго. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси го и сочувај мојот духовен отец (името) и по неговите свети молитви помилуј ме мене грешниот.

Четврта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери, Достојно ест или седален од службата на св. Пророк Захариј и праведна Елисавета, глас 4:

Воплотившуся уже Мессии первую тя благовестницу слышим, егда к целовавшей тя Богоизбранней Отроковице со ужасом глаголала еси: «Откуда мне сие, да прииде Мати Господа моего ко мне?» Восхваляюще убо тя вопием: «Радуйся, зерцало, Тайны Божия нам являющая». Како прва благовестница на веќе воплотениот Месија те слушаме кога на богоизбраната Дева Која те целиваше со ужас Ѝ рече: „ И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ?“ Фалејќи Те Ти пееме: Радувај се огледало, кое ни ја јавува Тајната Божја.
О, Пресвятая Владычице Богородице, утоли наша печали и пошли утешение скорбящим и болящим рабом Твоим. О, Пресвета Владичице Богородице испрати им утеха на слугите Твои, кои тагуваат и боледуваат (имиња).

Петта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Рождество Христово, глас 4:

Рождество Твое, Христе Боже наш, возсия мирови свет разума; в Нем бо ѕвездам служащий ѕвездою учахуся Тебе кланятися, Солнцу Правды, и Тебе ведети с высоты Востока: Господи, слава Тебе! Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на познанието, оние што им служеа на ѕвездите, од ѕвездата се поучија да Ти се поклонуваат Тебе, Сонцето на правдата и да Те познаат Тебе како Исток на висините. Господи слава Ти.
О, Пресвятая Владычице Богородице, избави мя от всякого зла и напастей. О, Пресвета Владичице Богородице, избави ме од секое зло и напаст.

Шеста десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Сретение, глас 1:

Радуйся, Благодатная Богородице Дево, из Тебе бо возсия Солнце Правды, Христос Бог наш, просвещали сущия во тьме; веселися и ты, старче праведный, приемый во объятия Свободителя душ наших, дарующаго нам воскресение. Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето на Правдата, Христос нашиот Бог, Кој ги просветува оние кои се во мракот. Весели се и ти, старче праведни, што си го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение!
О, Пресвятая Владычице Богородице, помоги мне все дела мои во славу Божию и в пользу ближних совершити. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ми сите мои дела да ги извршам во слава на Бога и во полза на ближните.

Седма десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или Возбраној Воеводи или (Бегството во Египет):

Се ангел Господень во сне явися Иосифу, глаголя: «Востав, поими Отроча и Матерь Его и бежи во Египет, и буди тамо, дондеже реку ти: хощет бо Ирод искати Отрочате, да погубит Е». Бог явися в сени седящим, от Девы родивыйся во еже спасти нас. Ете ангел Господов во сон му се јави на Јосифа, говорејќи: Стани, земи го Детето и Мајката Негова и бегај во Египет и биди таму, додека не ти речам, оти Ирод го бара Детето, за да го погуби. Бог им се јави на оние што седат во сенка, раѓајќи се од Дева, за да нè спаси.
О, Пресвятая Владычице Богородице, сохраним мя от всякого зла и покрый честным Твоим Омофором. О, Пресвета Владичице Богородице, сочувај ме од секое зло и заштити ме со чесниот Твој покров.

Осма десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или Возбраној Воеводи или (тридневните грижи за време на трагањето по дванаесет годишниот Иисус Христос):

Соболезнующи скорбь Твою, егда Сына Твоего и Бога нашего, двоюнадесятилетняго Отрока, на пути из Иерусалима не обретше. О велия радость Твоя, егда Сына Твоего по триех днех в церкви обрела еси. Сочувствувајќи со твојата тага, кога Твојот Син и Бог наш, дванаесетлетен Отрок, не го најде на патот од Ерусалим. О великата радост Твоја, кога Твојот Син по три дена во црквата (храмот) го пронајде.
О, Пресвятая Владычице Богородице, воскреси мою душу и даруй мне постоянную молитву к Тебе. О, Пресвета Владичице Богородице, воскресни ја мојата душа и дај ми постојана молитва кон Тебе.

Деветта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или Возбраној воеводе или икос од трипеснецот на утрена на Велики Петок (Спомен на чудото во Каана Галилејска), глас 8:

Своего Агнца Агнице зряше, к заколению влекома, последовавше Мария простертыми власы со иными женами, сия вопияше: «Камо идеши, Чадо? Чесо ради скорое течение совершаеши, егда другий брак паки есть в Кане Галилейстей и тамо ныне тщишися, да от воды им вино сотвориши? Иду ли с Тобою, Чадо, или паче пожду Тебе? Даждь Ми слово, Слове, не молча мимоиде Мене, Чисту соблюдый Мя: Ты бо еси Сын и Бог Мой». Својот Агнец, Агницата го гледаше, како е влечен на заколение, Го следеше Марија со прострени коси со другите жени и вака извикуваше: Каде одиш Чедо? Заради што толку иташ?  Друга свадба повторно ли е во Кана Галилејска и таму сега брзаш, за од водата да им направиш вино? Да одам ли со Тебе, Чедо или подобро е да те чекам Тебе? Дај ми слово, Слове, не минувај молчејќи покрај мене, Ти Кој ме сочува чиста, оти си Син и Бог мој.
О, Пресвятая Владычице Богородице, помоги исправиться милосердием Сына Твоего и Господа нашего и пошли мне благодать горячей и усердной молитвы. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ми да се исправам со милосрдието на Твојот Син и Наш Господ и испрати ми ја благодатта на топла и усрдна молитва.

Десетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар глас 2. и задостојник на Велика Сабота или гл 4:

Благообразный Иосиф, с Древа снем Пречистое Тело Твое плащаницею чистою обвив, и благоуханьми, во гробе нове, закрыв, положи, но тридневен воскресл еси, Господи, подаяй мирови велию милость.

Не рыдай Мене, Мати, зрящи во гробе, Его же во чреве без семене зачала еси Сына: востану бо и прославлюся, и вознесу со славою непрестанно, яко Бог, верою и любовию Тя величающия.

Благообразниот Јосиф, симнувајќи го од дрвото Твоето Тело пречисто, го обвитка со чиста плаштаница, и помазувајќи го со мириси го положи во нов гроб.

Не ридај заради мене Мајко, гледајќи го в гроб Синот, Кој бессемено си го зачнала; бидејќи ќе воскреснам и ќе се прославам, и ќе ги вознесам во слава, непрекинато како Бог, оние кои со вера и љубов Те величаат.

Дево Пренепорочная, Мати Христа Бога!

Оружие пройде Твою Пресвятую душу, егда распинаема видела еси волею Сына и Бога Твоего. Егоже, Благословенная, молящи не престай, прощение прегрешений нам даровати.

Дево пренепорочна, Мајко на Христа Бога!

Меч ја прободе Твојата пресвета душа, кога доброволно распнат Го виде Твојот Син и Бог. Него, Благословена, не престанувај да Го молиш, да ни дарува прошка на прегрешенијата.

О, Пресвятая Владычице Богородице, умоли Господа нашего Иисуса Христа помиловать меня грешнаго, простить вся моя согрешения и спасти душу мою грешную. О, Пресвета Владичице Богородице, измоли од нашиод Господ Иисус Христос, да ме помилува мене грешниот, да ги прости моите согрешенија и да ја спаси мојата душа.

Единаесетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар и задостојник на Воскресение Христово, глас 5:

Христос воскресе из мертвых, смертию смерть поправ и сущим во гробех живот даровав. (х3)

Ангел вопияше благодатней: чистая Дево, радуйся! и паки реку: радуйся! Твой Сын воскресе тридневен от гроба, и мертвые воздвигнувый: людие веселитеся!

Светися, светися, новый Иерусалиме! слава бо Господня на тебе возсия: ликуй ныне и веселися, Сионе! Ты же чистая, красуйся, Богородице, о востании рождества Твоего.

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие во гробовите живот им даде. (х3)

Ангелот ѝ воскликнуваше на Благодатната: Чиста Дево, радуј се, и пак Ти велам: радуј се; Твојот Син воскресна третиот ден од гробот, и ги подигна мртвите; народи веселете се!

Блескај, блескај, нови Ерусалиме, бидејќи славата Господова те обсјаи. Ликувај сега и весели се Сионе, а Ти радувај се, Богородице чиста, поради воскресението на Синот Твој.

О, Пресвятая Владычице Богородице, любовию своею воспламени мя, верою укрепи мя и просвети очи мои, помраченныя грехами. О, Пресвета Владичице Богородице, со Својата љубов вжешти ме, со вера укрепи ме и просвети ги моите очи, кои гревовите ги помрачија.

Дванаесетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Вознесение Христово, глас  4:

Вознеслся еси во славе, Христе Боже наш, радость сотворивый учеником обетованием Святаго Духа извещенным им бывшим благословением, яко Ты еси Сын Божий, Избавитель мира. Си се вознесол во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, откако си ги уверил преку словото Твое, дека си Ти Син Божји – избавител на светот.
О, Пресвятая Владычице Богородице, избави мя от помышлений суетных и даруй ми ум и сердце, стремящиеся ко спасению. О, Пресвета Владичице Богородице, избави ме од суетните помисли и дарувај ми ум и срце, кои се стремат кон спасение.

Тринаесетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Педесетница, глас 8:

Благословен еси, Христе Боже наш, Иже премудры ловцы явлей, ниспослав им Духа Святаго, и теми уловлей вселенную, Человеколюбче, слава Тебе. Благословен си, Христе Боже наш, Ти ги умудри рибарите откако им испрати Дух Свети, преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.
О, Пресвятая Владычице Богородице, пошли мне душевный покой и телесное здравие. О, Пресвета Владичице Богородице, испрати ми душевен мир и телесно здравје.

Четиринаесетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или тропар на Успение Богородично, глас 1:

В рождестве девство сохранила еси, во успении мира не оставила еси, Богородице, преставилася еси к животу, Мати сущи Живота, и молитвами Твоими избавляеши от смерти души наша. Раѓајќи девството си го запазила, со успението светот не си Го оставила, Богородице, при живот си отишла, Мајко на Животот, со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.
О, Пресвятая Владычице Богородице, даруй ми безмятежную и мирную кончину и проведи душу мою через страшные мытарства. О, Пресвета Владичице Богородице, дарувај ми безметежен и мирен крај и спроведи ја мојата душа низ страшните митарства.

Петнаесетта десетка

1. Отче наш еднаш

2. Богородице Дево 10 пати

3. Милосердија двери или Достојно ест или стихира од службата на Успение на Пресвета Богородица, глас 1:

О дивное Чудо! Источник жизни во гробе полагается, и лествица к небеси гроб бывает. Веселися, Гефсимание, Богородичен святый доме! Возопиим, вернии, Гавриила имуще чиноначальника: Благодатная, радуйся, с Тобою Господь, подаяй мирови Тобою велию милость. О, чудо прекрасно! Изворот на животот в гроб се полага, и лествица кон небесата гробот бидува! Весели се Гетсиманијо, свет дому Богородичен! Да воскликнеме верни, Гавриила имајќи го за чиноначалника, радувај се Благодатна, Господ е со Тебе, Кој преку Тебе му дава на светот голема милост.
О, Пресвятая Владычице Богородице, буди ми, Мати Божия, необоримая стена и крепкое заступление. Не отрини мя грешнаго и недостойнаго, в державный твой Покров прибегающаго, ибо ты еси надежда христиан и прибежище нам грешным. О, Пресвета Владичице Богородице, Мајко Божја, биди ми карпа необорлива и силно застапништво. Не отфрлај ме мене грешниот и недостојниот, кој прибегнувам кон Твојот моќен покров, зашто Ти си надеж на христијаните и прибежиште на нас грешните.

По преданието на руските монаси, Богородичното правило е правило кое самата Мајка Божја го открила во 8. век и истото некогаш го исполнувале сите христијани. Во ќелијата на св. Серафим Саровски е пронајдена тетратка во која се опишани чудата кои им се случувале на оние кои секојдневно го исполнувале Богородичното правило. Многу од монасите и ереите кои биле блиски со свети Серафим Саровски, исто како и од неговите духовни чеда секојдневно го исполнувале ова правило. Еден од нив е схимонахот  старец Захарија (1850-1936). Тој говорел: ,,Без благословот на Царицата Небесна, деца мои, ништо не правете. Кога ќе завршите некоја работа, заблагодарете Ѝ Нејзе, на Брзопомошницата во се богоугодно. Старецот многу се радувал кога некој од неговите духовни чеда го исполнувал Правилото. Друг старец, отец Данило Гумановски, кроток и тивок молитвеник, целиот свој живот го исполнувал Богородично правило. Поради љубовта кон Небесната Царица, за време на животот бил наречен Богородичен старец. Во едно зачувано писмо кон едно свое духовно чедо напишал: ,,Ќе ви дадам еден вистински спасоносен совет – читајте ја секојдневно по 150 пати Богородице Дево, и таа молитва ќе ве спаси. Ако ви е тешко на почетокот 150 пати дневно да ја кажувате оваа молитва, читајте ја по 50 пати на ден. По секоја десетка читајте по еднаш „Отче наш“ и по еднаш „ Милосердија двери“…

Старецот Захарија многу го ценел епископот Серафим Ѕвездински, кој секојдневно го исполнувал Богородичното правило, при што се молел за спасение на целиот свет. На едно од своите духовни чеда епископот Серафим му го предал начинот на кој се молел на Секогаш Девата Марија, после секоја десетка:

  1. Спомнувајќи го раѓањето на Пресвета Богородица се молиме за мајките, татковците и децата.
  2. Спомнувајќи го Воведението во храм на Пресвета Богородица се молиме за заблудените и отпадниците од верата.
  3. Спомнувајќи го Благовештението се молиме за утешение на оние кои тагуваат
  4. Спомнувајќи ја средбата на Пресвета Богородица со Елисавета, се молиме за средба на раздвоените – деца и ближни кои исчезнале без вести
  5. Спомнувајќи го Раѓањето Христово се молиме за препород на душите и раѓање на нов живот во Христа.
  6. Спомнувајќи го Сретението Господово и се молиме на Мајката Божја да не удостои да се причестиме со Пресветите Тајни Христови пред нашиот крај
  7. Спомнувајќи го бегството во Египет на Мајката Божја со Богомладенецот, се молиме да ни помогне Небесната Царица да ги избегнеме искушенијата и да се избавиме од животните напасти.
  8. Спомнувајќи го исчезнувањето на дванаесетодишниот Исус Христос во Ерусалим, и грижите на Мајката Божја за тоа време, и се молиме на Мајката Божја за постојана Исусова молитва.
  9. Спомнувајќи го чудото во Кана Галилејска, кога Господ ја претворил водата во вино, по молбата на Мајката Божја: ,,немаат повеќе вино’’, ја молиме Мајката Божја да ни помогне во работата и да не избави од секаква опасност.
  10. Спомнувајќи ја Мајката Божја под Крстот Господов кога тагата како меч и поминала низ нејзината душа, и се молиме на Мајката Божја да ни ги укрепи душевните сили и да го изгони унинието од нашите души.
  11. Спомнувајќи го Воскресението Христово, ја молиме Мајката Божја да ги воскресне нашите сили и да ја бодри нашата душа за подвиг.
  12. Спомнувајќи го Вознесението Христово на кое присуствувла и Мајката Божја, и се молиме на Небесната Царица да ја издигне нашата душа од земните суетни забави и непрестано да не упатува кон спасение
  13. Спомнувајќи ја Сионската горница и Слегувањето на Светиот Дух на Апостолите и на Мајката Божја, се молиме: Срце чисто соѕидај во мене и дух прав обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето Твое и Духот Твој Свет не го одземај од мене.
  14. Спомнувајќи го Успението на Пресвета Богородица се молиме за мирен, бессрамен и безметежен наш крај.
  15. Спомнувајќи ја славата на Мајката Божја со која Таа се венчала на небото по Нејзиното Успение, се молиме на Царицата Небесна да не остави верни нас кои живееме на земјата, и да не заштити од секое зло со Својот покров.

По секоја десетка епископот Серафим Звездански се молел на свој начин, кој никому не му го открил, тој начин го знаат само Господ и Царицата Небесна, а една монахиња – негово духовно чедо, по секоја десетка се молела вака:

  1. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги и сочувај слугите Твои (имињата на родителите и роднините), а оние кои умреа (имината) со Светиите упокој ги во вечната слава Твоја.
  2. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги, сочувај и присоедини ги во Светата православна Црква заблудените и отпаднати слуги Твои (имиња).
  3. О, Пресвета Владичице Богородице испрати им утеха на слугите Твои, кои тагуваат и боледуваат (имиња).
  4. О, Пресвета Владичице Богородице, соедини ги разделените слуги Свои (имиња).
  5. О, Пресвета Владичице Богородице, даруј сите оние кои се огласени да постанат крстени.
  6. О, Пресвета Владичице Богородице, удостој ме да се неосудено, при последното издихание, причестам со Пречистите Тајни Христови.
  7. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ни да ги избегнеме искушенијата и избави не од секоја напаст.
  8. О, Пресвета Владичице Богородице, Пречиста Дево Марие, дарувај ме со непрестајна молитва Исусова.
  9. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ми во секое дело и избави ме од секаква опасност и тешкотија.
  10. О, Пресвета Владичице Богородице, Преблагословена Дево Марие, одгонувај го унинието од мојата душа и укрепи ги моите душевните сили.
  11. О, Пресвета Владичице Богородице, воскресни ја мојата душа и дај ми сила за подвиг.
  12. О, Пресвета Владичице Богородице, избави ме од суетни помисли и дај ми ум и срце желни за спасение.
  13. О, Пресвета Владичице Богородице, испрати и укрепи ја благодатта на Светиот Дух во моето срце.
  14. О, Пресвета Владичице Богородице, направи крајот од мојот живот да биде непосрамен и мирен.
  15. О, Пресвета Владичице Богородице, сочувај ме од секое зло и заштити ме со чесниот Твој покров.

Дивјеевскиот манастир од свети Серафим оживеа во 1991. година. Бачушката рекол дека обновениот манастир ќе заживее со 1000 монахињи. Велик литијски вход по Канавката со исполнување на Богородичното правило се врши на:

  1. Споменот на св. Серафим Саровски 2/15. Јануари;
  2. Празникот на Мајка Божја и нејзината икона ,,Умиление’’, 27. Јули/ 10. Август, со иконата на Царицата Небесна и со моштите на преподобниот Серафим;
  3. Целата Светла седмица, секојдневно по светата Литургија со читање на Воскресниот канон, Воскресните стихири и Евангелието.
  4. Успение на Пресвета Богородица, 15./28. Август;
  5. Празникот на востановувањето на Млинската обител, 9./22. Декември;
  6. 1./14. Јануари на полноќ, пред празникот Обрезание Господово;
  7. На сите Господови празници;
  8. При посета на чудотворни икони во Дивјеево.

ПС: Се надеваме дека уште некој ќе го издаде и ова дополенето Богородично правило, но ќе биде доволно фер на составувачот да му прати барем една копија. Да не се вади како некои дека им стигнало CD од небо со ова правило.

One Response to “Богородично правило по Уставот на свети Серафим Саровски (дополнета верзија)”

  1. Јасминка Says:

    Слава на Бога и на Пресвета Богородица!

Напишете коментар