Молитва кон свети Јован Дамаскин

Свети Јован Дамаскин (1)О, свети оче Јоване, големо светило на Православната Црква, ти што имаш голема смелост пред Господа, погледни на нас недостојните кои го просиме твоето застапништво пред престолот на Пресветата Троица.

Ти, кој од Пречистата извор на вода жива си наречен услиши ја оваа наша скромна молитва и принеси Му ја на Троединиот Бог.

Ти, кој Евангелието Свето си го живеел, непрестано моли се за нас.

Од Бога испроси ни за Православието ревност, зашто ти навистина си бил голем ревнител за него. Испроси ни храброст и истрајност во верата онаква каква што ти си ја имал. Испроси ни љубов, со која ти си изобилувал. Испроси ни трпение, ти си го имал.  Испроси ни смирение, со него си преизобилувал. Испроси ни послушание, оти со послушанието како ѕвезда најсветла си заблескал.

Измоли ни од Господа да ја спознаеме Вистината, зашто и ти си ја спознал. Моли го Бога да не обдари со изобилие на знаења, мудрост и премудрост, ти со тоа си се украсил. Со своите свети молитви оче наш Јоване од ересите и расколите избави нѐ, онака како што и Ромеите од иконоборечката ерес ги избави. Моли се да омекнат и срцата наши, онака како што и срцето твое како памук омекна.

Свети Јоване помогни ни да ја осознаеме минливоста и ништавилоста на овој трулежен свет, зашто ти премудро си ја осознал. Помогни ни да се избавиме од суетата, со која преизобилуваме, зашто во тебе суета не остана.  Помогни ни да ја победиме гордоста, која срцата наши ги изеде, зашто таа во срцето твое место не најде. Помогни ни свети оче да го зауздаме нашиот јазик за секое празнословие, та само непрестана молитва да извира од устите наши, зашто усните твои непрестано славословие Божјо принесуваа.

Свети Јоване моли Ѝ се и на Пресветата Богородица Трирачица, да и ние станеме нејзини миленици како што и ти миленик Нејзин постана. Та заедно со Неа измолете исцеленија за нашите дух, душa и телo, онака како што и за тебе некогаш измоли Пречистата исцеление на твојата отсечена рака.

О, свети оче Јоване, моли се за нас грешните да Бог ни ги опрости сите наши гревови, та отфрлајќи ја ништавилоста на овој свет и горејќи од љубов према Господа, да се удостоиме заедно со тебе да Го славиме пречесното и великолепно име на Пресветата, Неразделна и Единосуштна Троица, во три ипостаси прославениот наш  Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух, Кому Му прилега секоја слава, чест и поклонение сега и секогаш и во век и веков! Амин.

Напишете коментар