Указ на свети Петар Могила за споменувањето на починатите родители

Кога свети Петар Могила умрел и отишол на оној свет, тој видел што се случува таму, како душите на починатите страдаат. Го замолил Господа да го врати на земјата, како би тој, Петар, напишал поучение за оние кои живеат на земјата. И за да ние, кои живееме овде, да побрзаме и да знаеме, како да ги спасиме своите родители и роднини.
Свештеници сонувале сон, за да го откопаат од гробот телото на светиот Петар. Тие се собрале, и помолувајќи се, решиле да направат така. Светиот Петар, станал од гробот, го напишал овој указ-поучение и враќајќи се в гроб, одново отишол во Царството Небесно. Амин.

За починатите
Завештание на свети Петар Могила (споменување на починатите предци)


Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин.
Благослов Господов од светите маченици Антониј, Јован и Евтофиј.
Благодатта и мирот да бидат со вас, мили духовни чеда и благодетели.
Ви пишувам за починатите души, ве молам да ја чувате оваа скапоценост.
Кога се служат три (3) литургии за душите на починатите, ангелите Божји се молат пред Божјиот Престол. Го испросуваат Божјото милосрдие; Го молат Господа да нареди ангел да влезе во адот и да ја пороси грешната душа со осветена вода.
Уште три (6) литургии – ангелите се молат и го измолуваат Господа, и му благословува Господ на Свој ангел да ја причести и да ја изведе грешната душа на слобода. Ангелот зема частици, и лета, се потопува во длабочините на адот, потпалувајќи си ги крилјата, и ѝ носи на несреќната душа Света Причасна.
Уште десет (16) служби – ангелите просат од Господа наредба да ја доведат грешната душа до вратите на адот.
По дваесетата (20) служба Господ благословува да биде изведена душата на слобода.
На дваесет и петата (25) служба – ангелите ги извлекуваат душите – црни гламњи изгорени.
На триесетата (30) служба – одново ангелот ги поросува изгорените души со света вода, дува и им кажува: „Покривајте се коски со човечко тело и кожа, и влезете во себеси“.
На триесет и петата (35) служба – Божјиот ангел носи чисто бели облеки и ги облекува во светли одежди.
На триесет и шестата (36) служба – Божјиот ангел ги води кон вратите на Рајот.
На триесет и осмата (38) служба – ангелот ги доведува при Божјиот Престол. Божјиот ангел заедно со сите чисти души, паднуваат ничкум пред Престолот на Седржителот и благодарат на Господа за Неговата милост, како што беа научени од Светиот Дух. Два дена стојат душите пред Престолот на нашиот Господ – се радуваат, плачат, се молат, благодарат на своите роднини, дека не ги заборавиле на земјата, ветуваат на Господа, дека ќе се молат за нив. Господ им благодари на Своите ангели, ги благословува душите на починатите.
На четириесетата (40) служба – Господ вели: „Со Своето милосрдие и со молитвите на Нашата Света Црква, ги спасуваат оние кои живеат денес на земјата, душите на своите умрени роднини од адскиот оган. Четири колена и три колена земни ќе бидат спасени за вашето милосрдие кон умрените ваши роднини, и ќе бидат воведени во обителите на Рајот“. И уште му кажува Господ на Својот ангел: „Всели ги овие души во рајските обители, а клучовите на обителите, приготвени за нивните милосрдни потомци, кои се наоѓаат уште на земјата, дај им ги на душите на нивните роднини, ослободени од вечните маки, да ги чуваат до времето, кога и тие ќе дојдат по Мое повеление“. И кога ангелите Божји, ќе им ги дадат клучевите на душите на спасените, ги воведуваат во рајските обители, тогаш сите Небесни, со преголема радост воскликнуваат: „Радувајте се луѓе и веселете се!“ Амин.
– Мили чеда, спасувајте ги своите роднини, избавувајќи ги од вечниот одан и адските маки. Кој нарачува четириесет литургии, никој од роднините не му е во пропаста. Господ вели: „Кои спасуваат, и тие самите ќе бидат спасени!“
Господи, благослови го и вразуми го човекот!
Пресвета Богородице спаси нѐ!

Живот и мачења на нераскајаниете грешници

Прашање: Може ли со една литургија да се избави душата од вечните маки?
Одговор: Понекогаш со една, а понекогаш со многу – според видот и тежината на гревовите.
П: Дали ќе жалаат праведниците за грешниците во идниот век?
О: Не, макар и тие да биле најблиски роднини.
П: Колку се големи адските маки?
О: Најмалите адски маки се илјадапати поголеми од најголемите маки на земјата.
П: Дали се познаваат осудените меѓу себе?
О: Се познаваат, макар и на овој свет да не се виделе еден со друг.
П: Дали се жалаат еден со друг на оној свет?
О: Не, но ужасно се колнат еден со друг.
П: Ќе се навикнат грешниците на маките?
О: Не, но колку подолго, толку на пожестоки маки ќе бидат подложени.

Според црковниот типик од Велики Четврток на Страстната Седмица до Вознесението Господово, душите се наоѓаат на свето место, а од тој ден, одново се враќаат душите на своите места. И треба да си споменуваме во сите дни, освен на Вознесение на нашиот Господ Иисус Христос. Уште повеќе, штом душата е многу грешна, а кога ја споменуваат и биде извадена од место темно во место светло, тогаш на оној човек, кој ги спомнува своите родители, Господ му испраќа изобилство и ќе поживее во благоденствие многу години, и ќе биде избавен од многу беди и напасти, во идниот век ќе го наследи Царството Небесно.
Кога се спомнуваат починатите, тогаш во нив бива неизречена радост, и тие воскликнуваат: „О чеда, непроценливи, синови и ќерки наши, браќа и сестри наши! О, ако ние можевме да се вратиме на земјата и сѐ да раскажеме, или писмо да ви напишеме или да ги опишеме мачењата и маките наши, кои ги искусивме во адот! Но, не можеме. Меѓу нас и вас лежи непреодлива пропаст, од нас кај вас никој не иде. О, тешко нам, кутрите, зашто не живеевме според Свештените Писанија (Светото Писмо) и по Божественото учење. Ние не правевме добри дела, не одделувавме време за послушание, за молитва и за Бога. И не се грижевме за нашите души! О, другари наши! Не можеме да се вратиме кај вас на земјата и да се покаеме за нашите гревови. О, ако само можеше, тогаш ден и ноќ би се молеле во своите келии, макар и тие да беа полни со смрдливи црви, само да не бидеме во вечната мака! Но, немаме тука прошка на гревовите… О, чеда наши! И роднини! Кој би се нашол од нашиот род и би ги запишал за годишно спомнување сите седум колена и своите родители? Вас ве чекаме! Од што имаме светлина и радост? Кога в црква давате поскура(просфора), тогаш имаме светлина и радост од петок вечер до понеделник, цел ден и ноќ осветлувачка светлина на нашите души. Љубени наши роднини! Просиме од вас молитви, не разни украси, ами срдечно спомнување. Кој од нашиот род би се нашол, да го разбере Свештеното Писание и да се погрижи за нас. О. другари наши и роднини! Ако не се наоѓа учен човек во нашиот род, тогаш барајте во друг род или место, некој да ви го објасни тоа. Господ вели: „Сиот траг твој со злато ќе го напишам и гревовите ќе ти ги простам, ако го проучувте Светото Писмо и се грижите за душите на своите родители“.
Така, за оваа милост ќе добиете прошка на гревовите во овој век и ќе бидете избавени од беди и напади, а во идниот век ќе бидете наследници на Царството Божно на Небесата. Кој не се грижи за своите починати родители, знајте, дека тие несреќните, лежат со лицето надолу, под земјата во темници, левата рака е оддолу, а десната одгоре и леат крвави солзи. Плачат и ги молат своите роднини: „Вие сакани наши сестри и браќа, мили наши деца! Погрижете се за нашите души и за сите грешници, пред идниот Страшен Суд Господов, не нѐ оставајте!“ Ако некој не ги спомнува своите родители, тогаш тие наоѓајќи се во жестоки маки просат од Господа: „Господи! Господи! Ти испрати му на нашиот род казна, ако имаат поле со пченица, тогаш со град столчи го, ако имаат добиток, тогаш со мраз замрзни го или со оган изгори го, ако богатство имаат, тогаш земи им го – испрати им лош човек“.
Сите православни христијани, кои живеете во верата – разберете, дека мртвите не чекаат пред нашите порти, туку ќе си го земат своето. Ако христијанинот ги спомнува своите роднини, тогаш неговите родители му се молат на Господа таму и викаат: „Господи! Господи! Дај им радост и продолжи им го животот, и секоја благосостојба даруј им седмократно, стократно своето милосрдие подај им го и благослови ги, Господи!“

Христијанинот, кој ги запишува за годишно спомнување во саботите, ги спомнува своите покојни родители и роднини и дваесет псалтири и дваесет канони за упокоените чита годишно, тогаш на тој христијанин родителите и сите седум негови колена ќе застанат пред Небесниот Цар и молејќи се усрдно и со солзи, ќе кажат за тие, кои ги научиле нивните роднини кои живеат на земјата и кои им покажале милост: „Господи! Господи! Како што си спомнувале за нас! Кој ги научил, кој им го прочитал Свештеното Писание? А, Ти, Господи, дај им ревност за спасение и вистинска вера за избавувањето на душите наши!“
Роднините, кои живеат во изобилие и не се грижат да им помогнат на своите починати, тие се опфатени од ѓаволска скржавост. Таквите ќе заплачат и ќе заридаат и ќе добијат казна. А, нивните починати роднини, ќе се обратат кон вашата милост, и кога ќе стигне вашиот час – сѐ со радост ќе ви вратат. И ако и тоа го нема во нив, тогаш ќе заридаат: „Тешко нам бедните! Кои напразно го поминавме својот живот. Го потрошивме на пијанство, наслади, украсувања и веселби со пријателите. Каде сега да бараме застапници пред Небесниот Цар? Кој може да Го умоли Господа да нѐ избави од сегашните и бескрајните маки? Кој ли би направил годишна (заупокоена) служба? Кој ли ќе се најде од нашиот род и да ни ја ослужи таа годишна служба, та ние сите седум колена да се молиме за него на Бога. Голема радост би била за нас од спомнувањето, поскапа од секаков скап дар“.
Кој така ги спомнува своите родители, нему Господ му дава избавување од тагите, бедите и нападите, а во идниот век го избавува и од вечните маки.
О, чеда наши, спомнете си за вечните маки! Колку лути и неподносливи се тие! Ние чекаме од вас милостиња и ако некој ве научи да се молите, тогаш ќе воскликнеме за него: „Господи! Кој ги научил нашите роднини, така да се грижат за нашите души? Господи, подај му на тој човек, продолжи го неговиот век и дари му здравје и благоденствие на земјата!“ А, кој не ги спомнува своите починати роднини, тогаш тие таму, ако се наоѓаат во маки, се молат вака: „Господи! Земи им го најсаканото нивно чедо, та тогаш, спомнувајќи го своето мило чедо, да си спомнуваат и за нас“.
Човек, кој самиот не го знае Свештеното Писание, не сака да го слуша и со омраза ги избегнува оние, кои му напомнуваат за тоа, – тешко на таквиот човек, беда. Подобро за него да не се родел.
А, кој во текот на една година испонува [чита] дваесет псалтири, дваесет канони за упокоените и секоја сабота, на литургијата принесува в црква поскура (просфора) за покој на душата на своите родители, тогаш колку и да била грешна душата, ќе биде избавена од темнина и мачења, и ќе биде одведена во краиштата на Божјата светлина. Човекот, кој не ги заборава своите родители, по Божја милост, преку своето милосрдие и молитвите на нашата Света Православна Црвка, ги избави нивните страдални души од јароста на адот, уште тука, во овој живот никогаш нема да има потреба од ништо, и по крајот на земното странствување ќе наследи Царство Небесно. Амин.

Литература

  1. Наказ святаго Петра Могилы: поминовение усопших родителей (http://www.evangelie.ru/forum/t66475.html)

Ознаки: , , , ,

Напишете коментар