Чудата на свети Ефрем Неамакриски

Светиот Ефрем Неамакриски твори многу чуда насекаде низ светот. Овде ќе бидат изложени неколку такви примери.

Шведскиот затвореник

Јас се викам Т.М. и иако сум Грк по потекло, живеам во Шведска. Пред 12 години бев обвинет за криминал кој не го сторив и бев осуден на 3 години затвор. Ме затворија во темна ќелија 5 месеци, да ја чекам мојата жалба која требаше да се разгледува на 18. декември 1981, петок.
Во четвртокот вечерта во 3 часот, се разбудив изненадно, исплашен, и бев на нозе пред да сватам дека сум буден. Пред мене стоеше човек, бос и облечен во бела хајлина, смеејќи ми се. Беше висок и слаб, со брада. Не носеше шапка, неговите очи беа сини и личеше љубезно.
Го прашав на шведски, „Кој си ти?“ Се насмевна повторно и подигнувајќи ги рацете ми одговори на грчки, „Утре ќе бидеш ослободен на судот“. Повторив, „Кој си ти? Од каде знаеш?“ Насмевнувајќи се ми повтори, „Утре ќе бидеш ослободен“. Се свртив кон врата восхитен да видам дали ја оставил вратата отворена. Таа беше затворена. Повторно погледнав во посетителот и искусив нешто што никогаш нема да го заборавам се дури сум жив. Фигурата на мажот се издигна кон горниот агол на ќелијата, каде што и исчезна. Бев убеден дека штотуку бев сведок на чудо Господово. Се прекрстив и заспав.
Идното утро бев одведен во судот, каде после неколку часа, судијата се исправи и рече, „Слободен сте“. Клекнав на колена, се прекрстив и ја напуштив судницата. Им се јавив на моите родители, да им кажам дека сум ослободен. На мое изненадување, тие веќе знаеа. „Како? Како дознавте?“ – извикав. Ми кажаа дека ги информирала сестра ми, која му се молела на свети Ефрем во Неа Макри претходниот ден.
Се јавив кај сестра ми. Таа ми кажа дека во четвртокот вечерта пошла во манастирот на свети Ефрем за да се моли за мене. Таму го почувствувала ветувањето на свети Ефрем, дека ќе бидам ослободен од затворот. Им јавила на моите родители за настан кој ќе се прочуе следниот ден. Особено беше восхитувачки тоа што никој не знаеше дека судењето е закажано за следното утро.
Неколку денови подоцна поштенски добив книга и икона од свети Ефрем, од мојата сестра. Веднаш го препознав мојот мистериозен посетител. Заминав во Грција и штом пристигнав се упатив кон манастирот за да му заблагодарам на светецот за големиот подарок што преку него го добив од Бога.

Т. М. Карусел
Стокхолм, Шведска

Бремената жена

Јуни 1983, во моето село една многу побожна 17-годишна жена остана бремена. Докторот ја информирал дека не ќе може да се породи по природен пат и таа била преплашена, знаејќи дека тоа ќе биде болно и ќе заврши со царски рез.
Еден ден одлучила да посети роднина кој се наоѓал в болница, со надеж дека ќе најде некоја жена која во тоа време се породила и која би ја охрабрила. Во исто време таа му се молела и на свети Ефрем, онака како што ѝ кажавме, со зборовите: „Светителу, да го родам ова дете на најлесниот можен начин“.
Иако тој ден била прегледана од доктор, тој не заблежал ништо невообичаено, вечерта жената била неспокојна. Немала симптоми за породилни болки, но нејзиниот сопруг, по Божја промисла, инсистирал да ја однесе на клиника. По пат таа му замерила на сопругот, бидејчи докторите и сестрите ќе се шегувале со нивната непотребна посета.
Кога пристигнале жената била прегледана од страна на сестрите кои изненадени рекле дека таа ќе се породи во најскоро време. Кога докторот пристигнал, преплашената жена почнала да се моли и во рок од 3 минути бебето безболно се нашло во рацете на докторот, подоцна ја уверил новата мајка дека нејзиниот најтежок пороѓај се претворил во најлесниот во неговата 25 годишна пракса.

Марија
Каламата Сити
16 септември 1983

Неверничка

Една моја пријателка дојде еден ден и ми даде една икона од еден светец Ефрем. Ја прифатив со благодарност, но тајно мислев како да се ослободам од неа што побрзо, бидејќи не верував во Бога. Ја поставив масата во трпезаријата.
Неколку денови подоцна, на полноќ, видов слаба црвена светлина пред иконата на светецот. На почетокот бев преплашена, но за кратко време почувствував некој вид на внатрешна радост. Гледав црвено светло кое светеше како кандило цела ноќ. Селдниот ден им кажав на моите соседи за чудото. Сите беа изненадени, бидејќи знаеја дека не верувам во Бога.
Поминаа неколку денови, но не гледав светло повторно. Не сакав да ја допрам иконата, оти бев преплашена. Решив да се ослободам од иконата, не сакав да го видам црвениот пламен повторно. Кога заспав таа ноќ, го сонував свети Ефрем. Тој беше висок и изгледаше строго. Носеше долга хаљина која достигнуваше до земјата и имаше врзано ортомче околу половината, делумно се сеќавам на неговите византиски сандали. Се чувствув прегрешно и не можев да го погледнам в лице. Ми се обрна со нареднички глас: „Нема да ја видиш светлината повторно, бидејќи рече дека не сакаш, но знај – можеш да ја отстраниш мојата икона, но јас секогаш ќе бидам овде“.
Благодарение на свети Ефрем, сега јас верувам во Бога.

Катерина Калогератос
Неос Космос, Атина

Полагање на приемниот испит по хемија

Моето име е Елена Вулгаракис. Конкурирав за прием на универзитет и полагав приемен испит во јуни 1985. Не постигнав добро на приемниот по физика и тој ден полагав хемија, се сеќавам тој ден беше четврток и бев многу нервозна. Иако напорно учев, хемијата не беше мојот најдобар предмет и бев несигурна во себе. На пладне тестот скоро да беше завршен, и не бев сигурна дека одговорив точно. Почнав интензивно да Му с молам на Бога за помош.
Тогаш, слушнав тивок глас кој ми шепотеше на увото, го избришав тоа што го имав напишано. Беше како некој да ми ги диктира точните одговори.
Кога се вратив дома, дознав дека за време на тестот една моја роднина телефонирала во манастирот и побарала од мати Макрина, да го моли свети Ефрем да ми помогне. Свети Ефрем, бил тој што стоел до мене за време на тестот и ми помогнал со одговорите. Тоа го направил поради неговото огромно човекољубие.
Со огромна љубов, му заблагодарив на светецот, кој ми подари 90% на испитот по хемија.


Елена Вулгаракис
Некеа, Атина

Јас сум Ефрем

Следниов настан на авторот му ја раскажала една монахиња од Свето Ангелската Обител во Каламос, Атика, на крајот од 1992 година. Нејзе ѝ ја раскажал таксистот кој го возел момчето од овој настан, при неговата прва посета на Неа Макри во 1990. Таксистот го опишал настанот од збор до збор, како што нему му ја раскажало момчето, овој настан бил објавен и во грчкиот весник „Ортодокс Типос“.

Да започнеме со тоа, дека веќе поминаа два месеци откако престанав да земам од отровот, и се чувствува како и секој нормален здрав човек. Немав желба повторно да примам никаква супстанција во мојата крв. Ова не се должи на мојот напор, туку сѐ тоа е поради чудесната моќ на Бога и на неговиот светец.
Се родив и пораснав во Атина, во Кукаки, до мојата осма година. Единствено дете сум во моето семејство, и моите родители лудо ме сакаа и никогаш не одбија нешто што сум посакал. Кога имав осум години со моите родители заминавме во Америка, за подобар живот. Со помошта на роднините, моите родители најдоа работа, а јас се запишав в училиште.
Како што растев, така растеа и моите апсурдни желби и пороци. Поради мојот характер, лесно подпаѓав во лоши друштва и за брзо време пробав марихуана и хашиш. Како што минуваа годините лесните дроги не ме задоволуваа ниту мене ниту моите пријатели. Така да преминавме на тешки дроги кои ги наоѓавме во истата околина. До нив лесно пристапувавме исто како и до лесните дроги. Но, овие беа многу поскапи, а јас бев невработен. На почетокот крадев од џебовите и ќесињата на моите родители. Ама, кога со текот на времето имав потреба од поголеми дози, и откако ме открија моите родители, почнав да ги малтретирам како би дошол до пари. Мојата состојба беше критична, ја разбирав, но не можев да се вратам назад. Родителите ме водеа по лекари и психолози, со надеж дека тие ќе можат да сторат нешто за мене, но немаше ништо, никаква светлина од никаде. Лекарите им кажаа дека доколку не ја напуштам таа околина, мојот живот би бил многу краток.
Еднаш, во тоа време, кога седев сам дома, во очајна состојба, еден непознат посесител, кого до тогаш го немав видено се појави пред мене. Беше средно висок и имеше многу големи округли очи, кои шараа наоколу. Имаше долго црно руно на неговито тело. Имаше и рогови и опашка. Неговиот глас беше силен и јак, страшно убедлив што не оставаше простор за несогласување.
Започна да дава детален преглед за мојот живот од времето кога бев роден се до тој момент, а јас можев само да се согласувам со она што го раскажуваше. „Ги имаше сите задоволства“, ми рече на крајот, „не ти останува ништо друго, освен да дојдеш со мене…“, „Како?“ – го прашав.
Ми рече: „Ќе го земеш автомобилот, и ќе возеш по тој и тој пат. Ќе возиш по него толку и толку километри (не се сеќавам колку), а јас ќе бидам таму и ќе те чекам…“ Тој пат беше прав многу километри, а на едно одредено место имаше незабележителна кривина, каде многу возачи кои возеле пребрзо, имаа отстапено од патот, удрено во еден ѕид и умрено. Веќе имав слушнато за многу сообраќајни несреќи кои се имаа случено на истото тоа место. Направив точно како што ми кажа, и и јас удрив во ѕидот. Колата заврши катастрофално. Никој не можеше да ја препознае, но јас поминав само со лесни повреди. Откако ми дадоа прва помош, се вратив дома.
По околу 10 дена од несреќата, истиот несекојдневен посетител повторно се појави, сега во мојата кујна. На неговото диво лице се гледаше пена која од бес излегуваше од неговата гнасна уста, имавтајќи со главата, рече со истиот глас: „Ништо не направи“. Се скаменив, и погледнувајќи го успеав да го прашам: „Што треба да направам?“
„Веднаш земи тројна доза од она што го земаш вообичаено и сигурно ќе дојдеш со мене“. Тој исчезна, а јас не се сетив ниту да се запрашам себе си, како влегол во мојата куќа, или кој беше – само почнав да го реализирам планот.
Ја ставив дрогата во шприцот и барав место за да ја вшприцам во моето изнадупено тело. Дозата беше голема и јас веднаш се онесвестив. Кога сеуште бев во несвест видов висок човек со мантија, црна камилавка и крст на челото. „Не плаши се“ , ми рече, „ќе ти биде добро, а кога ќе се вратиш во Грција, дојди кај мене дома. Јас сум Ефрем“.
Се разбудив кака да немав земено од тој проклет отров. Почувствував силна желба да заминам во Грција, и колку што можев побрзо ѝ кажав на мајка ми, таа беше восхитена и мислеше дека тоа е чудо, бидејќи тие се обидуваа да ме оттргнат од таа околина многу пати, но без успех. И раскажав на мајка ми сѐ што ми се случи, и та реши да ми се придружи на моето патување. Кога се вративме во моето старо маало (во Атина), појдовме кај нашиот парохиски јереј и од него научив кој бил чудниот посетител и што сакал од мене. Тој бил ѓаволот и ја сакал мојата бессмртна душа. Му благодарам на Бога од длабочините на мојата душа. Се исповедав и постев, а по 15 дена јерејот ме причести. Кога ја видов иконата на свети Ефрем, знаев дека е тој што ме спаси од ужасниот отров.
Бев во Неа Макри и платив да се служи литургија за да му се заблагодарам на светецот. Сега доаѓам во манастирот понекогаш за да избегам од светот на кратко и за бидам повторно осигурен дека не ми се потребни дроги повеќе.

Напишете коментар