СТАТИЈА ТРЕТА – на Велики Петок

1. Народите сите
Погребението Ти
Христе, со песни го пеат.

2. стих: Те љубам, Господи: погледни на мене и помилуј ме.

Денес Ариматеец
Од дрво Те симна
И во нов гроб Те положи.

3. стих: Моите нозе да чекорат по Твоите заповеди, Господи, и да не ме победи никакво безаконие.

Жени мироносци
Миро Ти донесоа
Од сѐ срце, Христе мој!

4. стих: Боже, избави ме од човечки клевети и ќе ги запазам Твоите заповеди.

Сите твари дојдете
Богу да принесеме
Песни жални, погребални.

5. стих: Боже, научи ме на Твоите повелби; светлината на Твоето лице да ме просветли.

Како мртов Животот,
Со мироносиците
С миро да го помажиме.

6. стих: Господи, очите мои станаа солзни извори, затоа што не го запазив законот Твој.

Јосифе преблажени
Погреби го телото
На Твојот Животодавец.

7. стих: Прав си, Господи, и прави се Твоите судови.

Со мана тој ги храни,
Тие неблагодарни,
Со зло се отплатија.

8. стих: Боже, Ти си ни ја открил Твојата правда и Твојата вистина.

На својот Благодетел
што им даде мана
оцет и жолчка му даваат.

9. стих: Господи, ме изеде грижата за Твојот закон; непријателите мои ги заборавија Твоите зборови.

О, безумство страшно
На пророкоубијците,
Што тие Христа ни Го убија.

10. стих: Господи, огнено е Твоето Слово; Твојот слуга Го засака.

О, безумни Јудо,
Ти на Христа предавник –
Од мудроста се откажа.

11. стих: Боже, најмлад сум и унизен, но не ги заборавив Твоите повелби.

Јуда лицемерен,
Бога го остави
И пленик гревовен стана.

12. стих: Боже правдата Твоја е вечна правда, а законот Твој вистина.

Според Соломона,
Устите лажливи
бездна се на безумство.

13. стих: Господи, таги и маки ме нападнаа; Твоите заповеди се поука за мене.

Патиштата нивни,
криви и беззакони,
опасни се и трнливи.

14. стих: Боже, вистината на Твоите откровенија е вечна; вразумиме и ќе бидам жив.

Јосиф го погребува
Чесно со Никодима
Телото на Творецот.

15. стих: Господи, со сето мое срце викам кон Тебе: чуј ме и ќе ги запазам Твоите повелби.

Жизнодавче Спасе,
Слава на Твојата власт,
Адот Ти го разурна.

16. стих: Боже извикав и ти ме спаси; ќе живеам според Твоите откровенија.

Пречистата Ти Мајка,
Гледајќи Те мртов,
Христе, жално Те плачеше.

17. стих: Господи, стигнав доцна, надевајќи се на Твоите зборови, Ти се молам: прими ме!

Слатка моја Пролет,
О, премило Чедо,
Каде е Твојата Убавина.

18. стих: Пред зори станав, Господи, за да се поучам од Твоите зборови.

Пречистата Ти Мајка
Мртов штом Те виде,
Мајчински Те оплакуваше.

19. стих: Господи, по Твојата милост послушај го гласот мој и пази ме.

Жени мироносици
Дојдоја при Христа
С миро да Го помажат.

20. стих: Се доближија, Господи, оние што неправедно ме гонат и се далеку од Твојот закон.

Христе мој, со смртта
Смртта ја уништуваш
Со божествена сила.

21. стих: Господи, Ти си секогаш близу до нас и Твоите патишта се вистина.

Се измами измамникот,
Луѓето се спасени
Со мудроста Ти, Боже мој!

22. стих: Господи, од Твоите откровенија разбрав дека се вечни.

Предавникот Јуда
В бездна на адот
Гние и се измачува.

23. стих: Боже, законот Твој не го заборавив; види го моето смирение и избави ме.

Патиштата на Јуда,
Очајникот безумен
Полни се с трња и примки.

24. стих: Суди и пресуди ме, Господи, но избави ме по милоста Твоја оживи ме.

Тие што те распнаа
Сите ќе загинат,
Сине Божји, Спасе мој!

25. стих: Далеку е спасението од грешниците; оти тие не живеат по Твоите заповеди, Господи.

Во бездната на смртта
Гинат в страшни маки
Сите Твои злосторници.

26. стих: Господи, многу се Твоите добрини, по Твојата промисла пази ме.

Слове, Сине Божји,
Боже мој и Творче,
Зошто си примил да страдаш?

27. стих: Мнозина ме гонеа и ми досадуваа, но јас од Твоите патишта Господи, не се отклонив.

Дева жално плаче
Гледајќи Те, Христе,
Тебе распнат на крстот.

28. Видов неразумни луѓе и жалев, но од Твоите зборови не се оддалечив.

Телото живоносно
Јосиф со Никодима
Денес го погребуваат.

29. стих: Господи, Ти гледаш дека ги љубам Твоите повелби; по Твојата милост спаси ме.

Дева жално ридаше,
Со болките на мајка
Топли солзи ронеше.

30. стих: Боже, почеток на Твоите зборови е вистината и вечни се судовите на Твојата правда.

Слатко мое Чедо,
Светлино на сонцето,
Како лежиш в мрачен гроб?

31. стих: Залудно ме гонеа силните на денот; а од Твоите зборови, Господи, се исплаши срцето мое.

Мајко, Ти не ридај,
Страдам да ги ослободам
Адама со Ева од адот.

32. стих: Господи, ќе се зарадувам на Твоите зборови како на најголемо добро.

Големата Ти милост
Денес јас ја славам,
Заради која Ти страдаш.

33. стих: Ја намразив неправдата, Господи, и го засакав законот Твој.

Ти оцет и жолчка
Денес, Христе, вкуси,
Да не ослободиш од зло.

34. стих: Господи, заради Твојата правда, седум пати дневно Те славев.

Ти на крст си распнат
Што со столб од облак
Народот Твој го водеше.

35. стих: Боже, голем е мирот на оние што го љубат Твојот закон и за нив нема соблазни.

Жени мироносици
На гробот Ти дојдоа
Спасе да Те миросаат.

36. стих: Господи, ги засакав Твоите заповеди; го чекав Твоето спасение.

Стани Жизнодавче
Од пеколна бездна
Воскресни не` нас умрените.

37. стих: Боже, душата моја ги засака Твоите откровенија и ги чува.

Тажната Ти Мајка
Солзи рони, плаче:
Воскресни Животодавче!

38. стих: Господи, сите мои патишта се пред Тебе; ги пазам Твоите заповеди.

Брзај да воскреснеш,
Радост да и` донесеш
На Твојата родителка.

39. стих: Господи, вразуми ме според Твојот збор; мојата молитва да стигне до Тебе.

Силите небесни
Многу се исплашија
Кога мртов Те видоа.

40. стих: Мојата прозба да излезе пред Тебе: Господи, избави ме.

Со страв ги почитаме
Твоите страданија:
Прости ни ги гревовите.

41. стих: Господи ги прославувам Твоите зборови: сите Твои заповеди се вистина.

О, пречудна глетка!
Слове Божји, Сине мој!
Земјата да Те покрива.

42. стих: Господи, ги прославувам Твоите зборови; сите Твои заповеди се вистина.

Некогаш со Јосиф,
Во Египет појде,
Друг Јосиф Те погребува.

43. Господи, Твоите заповеди ги засакав; Твојата рака да ме спаси.

Чистата Ти Мајка
Жали и Те плаче
Тебе мртов Спасителе!

44. стих; Господи, Твојот закон е поука за мене; го засакав Твоето спасение.

Разумот е в ужас
Боже наш Створителе,
Кога Го гледа Твојот гроб.

45. стих: Господи, мојата душа ќе живее и ќе Те прославува, а Твојата промисла ќе ми помогне.

Жени мироносици
Рано в зори со миро
Гробот Твој го поливаат.

46. стих: Господи, залутав како изгубена овца; побарај го Твојот слуга, оти Твоите заповеди не ги заборавив.

Мир на Твојата Црква,
Нам дај ни спасение,
Дај со Твојто воскресение.

47. Слава на Отца и Сина и Светиот Дух.

Тројца света славна,
Оче, Сине, Душе,
Сиот свет помилуј го.

48. И сега и секогаш и во вечни векови. Амин:

Дево, удостој не`
Ние да го видиме
Од гроб воскреснат Твојот Син.

49. Народите сите
Погребението Ти,
Христе, со песни го пеат.

Потоа: Ангелски собор… – Мала ектенија и возглас:

Зашто Ти си Цар на мирот, Христе Боже наш и Тебе Те прославуваме со беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот и благ и живототворен Дух Твој, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Напишете коментар