Пред скоро една година се прославуваше годишнина од кукушката унија. За во август се најавува доаѓањето на римскиот папа, иже в јерес пребивајушчи. Пред некоја година самата МАНУ ја разгледуваше можноста за склучување на унија помеѓу МПЦ (Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија) и РКец (Римокатоличка еретичка „црква“). На почетокот на својот мандат нашиот претседател му раскажуваше на Венедикта прикаски за Паљурци, за св. ап. Павле и Гоцета Делчев – унијатот. На прославата на годишнината од унијата се скапаа од аплаудирање голем дел од нашите политичари. Лажниот епископ Киро Стојанов не убедуваше дека се слави соединувањето на Македонците со „вистинската“ црква, а потоа за среќа се поправи, па кажа дека се слави преминот на Македонците во заедница со „светиот отец“.
Проблемот е и во тоа што МПЦ е сведена до тоа дереџе да единствената „црква“ која ја прифаќа и почитува е РКец. На жалост, а поради гордост и лудост, МПЦ до ден денешен нема „политички“, а камоли литургиски односи со ниту една друга Православна Црква, а за најголема жалост ниту со најсветата Патријархија Иерусалимска. Денеска МПЦ на наша огромна жалост во очите на православниот свет ја завзема истата положба како и дохалкидонските цркви, како римпапската црква, како англиканската. Душите и нашето спасение се во прашање, но кога и ние самите не водиме доволно грижа за истите наивно е да очекуваме друг да се погрижи.
Од друга страна лудиот екуменизам зема се поголем замав во Православието, па и кај нас. Иако не сум против екуменизмот и далеку од тоа да сакам да сите римпаписти и останати откачени еретици да одат во Адот само поради тоа што не се православни, но права лудост е да се создаваат расколи, да се уништуваат души на православни и правоверни само за да се биди во единство со другите. Тоа е ко јас да земам и да му изразувам љубов на мојот комшија, кој сака да ми го завземе пола двор, а таа љубов да биди причина да се мразам со моите родители и деца. Зарем не е исто? Па кога толку се угледуваме на римскиот папа (за кого мариовците уште во 19. век испеале песничка во која ги плашат своите деца со римпапа – римвампир), треба да се угледаме и на неговата икономија и на неговиот обид да прво си го разреши расколот во својата заедница, а дури потоа да им отрча во прегратка на псевдохристијанските сектанти. За разлика од него сведоци сме, дека кај нас се потценуваат оние православни чии дедовци биле Богомолци, татковците нивни верата ортодоксална во времето на комунизмот ја одржале, храмовите ги сочувале. Сведоци сме дека се сметаат за малоумни, фанатици, сектанти, баби и псевдозилоти, дека нивната вера е паганска. Сѐ во корист на лудиот екуменизам, за кого преподобниот авва Јустин Ќелиски со право вели дека е сеерес. На фејсбук профилот на еден наш богослов, ценет презвитер, вероучител и на жалост луд екумениста дозволено им е на сите еретици, сектанти и пагани, да пишуваат колку што сакаат, но не и на православните кои ја проповедаат Вистината. Неговата лудост оди до таму што кога пишува за крштевањето дозволува да стојат коментарите од козарот на саботјаните кои претставуваат врски кон клипови во кои е прикажано осатанување на некои несреќни неверници и сквернење на водите на едно наше езеро. И сето тоа на профилот на еден наш презвитер, на кого му поставивме прашање што е медитација и се до денеска очекуваме одговор, се надеваме дека барем до Второто и славно Христово Пришествие ќе го добиеме. За светата Литургија, која самоволно и без ничиј благослов некои презвитери на своја рака ја менуваат и неоварламизираат нема потреба да пишуваме. Тој проблем од поодамна го имаат браќата и сестрите од СПЦ (Српската Православна Црква) и имаат доволно и пишувано и проповедано.
Кога сме кај екуменизмот трагедијата да биде најголема на широка врата е навлезен и во нашиот богословски факултет(БФС). Што се случува таму? Место да се канат истакнати православни богослови да држат предавања, кај нас се канат некои си антиепископи од методистичката (неделјанската) секта, иронијата да биде уште поголема и неделјаните од мојот град се бунат против екуменизмот, можеби во иднина и ќе оформиме екуменистичка организација за борба против сеереста екуменизам. Еден од професорите, (бивш?) клирик, кој се занимава со пишување (т.е. преведување) не престано се фали со фотографиите на кои е сликан на разни екуменистички конференции. Библиското здружение, на чие чело се наоѓа друг професор на БФС издава протестантски Библии.
Во екуменизмот сепак предничи несреќниот поп загрепски. Тој на света Литургија дури зема благослов од унијатскиот лажен епископ, а на секој екуменистички собир во Хрватска се наоѓа на чело. Како да не го слушнал првиот псалом кој вели: Блажен муж, иже не иде на совет нечестивих…
Имајќи в предвид дека МПЦ не се наоѓа и не сака да се наоѓа во канонско и литургиско единство, зашто на некои нејзини членови нацијата им е помила од Христа, имајќи в предвид, дека некои клирици, а особено световната „интелегенција “ е желна за единство со нашиот поддржавател и признавач на нашето уставно име – римскиот папа, имајќи в предвид дека како причасници на МПЦ во православните земји не смееме да се причестиме нигде, освен во Банатската Епископија, а во варварските земји само во нашите цркви (кои ги нема на секој чекор), имајќи го в предвид екуменизмот за кој чезнеат голем број на неправославни и псевдоправославни христијани не сметам ни јас дека е страшно ако МПЦ пристапи во унија со РКец. Барем тогашните нејзини членови ќе можат да се причестуваат скоро насекаде низ светот. Би добиле голем политички сојузник во лицето на Великиот Еретик. Би го зачувале и името на нашата татковина и нашиот идентитет, можеби би имале и поголем економски напредок, но тешко дека би добиле и Царство Небеско! Кое и во оваа состојба тешко дека ќе го добиеме знаејќи дека Светиот Дух преку светиот Јоан Златоуст вели дека расколот ниту маченичката крв не го измива. Барем тогаш псевдоправославните ќе си добијат некоја си награда овде на земјата, а вистинските Правослаци конечно ќе се освестат и најверојатно ќе престанат да го делат Телото Христово.
24.06.2010 во 10:36 ч. |
Sakam da ukazam deka toa sto se slucuva so liturgiite vo spc ne e novotaranje i ne moze da bide. Zatoa sto sluzenjeto so zatvoreni dveri i zavesi citanje na molitviti tajno kako da e toa baenje ne pridonesuva kon liturgisko prosvetuvanje na narodot i negovo priblizuvanje kon liturgijata. ikonostasite i dverite vo ranata Crkva pa i podocno vo vreme na Vizantija ne postoele i istite nemaat nikakvo simvolicno znacenje i smisla kako sto podocna im se prikazalo. Dodeka molitvite do mnogu podocna se citale na glas i edinstveno vo nasata slovenskata liturgiska prakrika pod zapadno vlijanie vleglo otvornjeto i zatvoranjeto dveri.
26.06.2010 во 11:54 ч. |
Црквата е жив организам. Точно е дека во раната Црква немало иконостаси, но тогаш имало дрвени путири и златни Христијани, сега е обратно, на жалост, имаме златни путири, а дрвени Христијани. Служењето со затворени двери и со завеса води потекло уште од првите времиња со златни путири и дрвени Христијани. Имено еден ѓакон, ми се чини беше од свети Василија Вилики, за време на канонот на евхаристија почнал да и намигнува на некоја невеста. Кога го забележал тоа владиката дал наредба да за време на литургијата, а и на другите служби почнале да се користат двери и завеса. Ако денеска сме на степенот да имаме и златни путири и златни Христијани тогаш нека се служи и без двери и без иконостас. Ама не сме.
Дали ќе ги слушнеме или не молитвите кои ги чита свештеникот, ништо не ни менува. На 90% од луѓето што се литургисуваат и онака во едното уво им влегува од другото им излегува. А, уште пострашно, дел од тие што ќе внимаваат, на следната литургија ќе почнат заедно со попот да ги пеат истите молитви. А, тајните молитви ги претставуваат зборовите кои свети Јован Богослов Му ги шепотел на Христа на Тајната Вечера.
И кога сакате толку да се вратите на древните времиња што не ги почитувате и сите апостолски правила и канони. Што не си го распродадете имотот, да живеете во заедница со другите браќа и сестри… Но, што правиме ние го прифаќаме само она што нас ни одговара, а тоа што не ни одговара го отфрламе.
Прости ако бев груб.
21.08.2010 во 21:24 ч.
Не бевте груб, дел од забелешките ви ги прифакам…..Но мора да се констатира дека ни едната практика да се служи со затворени двери и читање тајно молитви, ниту другата практика да се читаат гласно молитви и со отворени двери не е погрешна. Бидејќи мора да се признае дека литургиските заедници каде се читаат гласно молитви многу повеке ја разбираат литургијата или таквите заедници имаат потреба од таквиот начин на служење. Да заклучам служењето со отворени двери и гласни молитви не е грев нити ерес ниту суштински задира во православната вера. Сите Грчки Цркви служат на тој начин со векови наназад и никој од тоа не прави проблем и скандал, како што тоа се случува во Србија. Бидејќи противниците на таквиот начин на служење се тие што прават проблем во Србија.И за крај молитвите се толку убави што е жалосно да не ги слушне верниот народ тие го содржат целото христијанско учење………ете толку…
25.08.2010 во 09:04 ч. |
Еве уште нешто…….МПЦ за жал и за срам на многу човечки суети поради политички причини е во принуден раскол брате. Еве и зошто? Одговорими на кој народ се барало да го промени своето чувство за идентитет, и национална припадност за да влезе во единството на Црквата? На ниту еден во целата историја според моето скромно знаење. Зарем е во ред од тебе да барам да си го смениш своето чувство за идентитет , дури и и твоето лично име за да можеш да учествуваш во литургијата на Црквата. Ете во тоа е суштинскиот проблем. И токму тој факт го прави овој раскол non-sens raskol. Тоа пак што се случило во 1967 кое што сите го карактеризираат како раскол можеби е раскол, но таков сличен раскол направи и Грчката Црква но брзо доби афтокефалија. На крајот од краиштата според моето лично убедување за тој проблем лесно ќе се најдеше решение и ден денес нашите епископи околу тоа би попуштиле да не се додава на тоа проблемот со името и идентитетот кој многумина оправдано ги иритира. На крајот од краиштата враќањето на автономија би можело да се прифати како привременно решение и потоа да се бара афтокефалија. Заради тоа што ги исполнуваме сите услови за тоа. МПЦ дејствува како помесна Црква на територијата на суверена држава, со епископи кој имаат апостолски преемство, со 600 свештеници , десет епископи, 100 монаси, Богословија факултет, и 2,5 милиони верници. Според сите критериуми би требало да добие афтокефалија. ПОА пак не е ресение на расколот затоа што прво и прво нема воспоставено канонска курисдикција на целата територија од државава,како некој од струмица ќе се црквува во ПОА треба да иде од Струмица во Скопје? Народот пак никогаш нема да ја прифати ПОА за своја Црква. ЗА ова се свесни и српските епископи но сега конците се многу замрсени. НА крајот да изразам надеж дека по милоста Божја овој проблем ќе се реши.