Житие на преподониот отец наш авва Јустин Ќелиски

14.05.2009 by megica
Преподобен Јустин Нови Ќелиски

Преподобен Јустин Нови Ќелиски

Отец Јустин (Поповиќ) роден е на денот на Благовештението на Пресвета Богородица ( 25. март, по стариот календар ) 1894 година во Врање, од побожни православни родители Спиридон и Анастасија ( Оваа побожна фамилија потекнува од Тетовско, од каде еден предок на о. Јустин пребегал во Врањско, носејќи ги во кошници своите деца. заб.пр.). Световното име Благоја го добил по празникот на кој се родил. Татко му на Спиридон, познатиот поп Алекса, бил најмалку седми по ред свештеникод старата фамилија Поповиќ. И Спиридон учел богословија ( два класа ), меѓутоа, татко му го повлекол од училиштето па тој подоцна прислужувал при храмот и при домашните богослужења, со тоа го одржувал духот на црквеноста и побожноста во домаќинството во кое растел малиот Благоја. Мајка му Анастасија била од една угледна домаќинска фамилија од околината на Врање. Изродила осум деца, но преживеале само три: ќерката Стојна и синовите Стојадин и Благоја.

Како дете, авва Јустин со своите родители често одел кај светиот чудотворец отец Прохор во Пчинскиот манастир и таму се молел и присуствувал на светите богослужења. Еднаш бил личен сведок на чудесното исцелување на мајка му Анастасија од една тешка болест, со помош на светителската божествена сила. За длабоката побожност на својата мајка и самиот подоцна често зборувал, а од неговите белешки објавен е и потресниот запис за блаженото претставување на праведната ,,слугинка Божја Анастасија – Воскресница, мојата бесмртна дародавка‘‘.

Основно училиште Благоја завршил во Врање, за потоа, полагајќи го приемниот испит со највисока оценка, да се запиш во деветтокласната Богословија ,,Свети Сава‘‘ во Белград (1905-1914). Наставници му биле: светиот владика Николај Велимировиќ, Атанасије Поповиќ, Веселин Чајкановиќ, Борислав Лоренц, Стеван Мокрањац… Посебен печат на Благоевиот духовен и образовен развој извршил големиот учител свети владика Николај, кој посебно ја забележал и ценел неговата љубов према богословието и несомнената книжевна дарба.

Намерата на Благоје Поповиќ да прими монашки постриг по завршувањето на Богословијата (во јуни 1914 година), ја попречило спротивставувањето на родителите и нивната молба до Митрополитот Белградски Димитрије ( Павловиќ ) и Епископот Нишки да не го замонашуваат.

Веднаш по избивањето на Првата Светска војна Благоје Поповиќ е повикан в војска и како богослов е распореден во болничката чета при војната болница ,,Ќеле кула‘‘ во Ниш. Кон крајот на 1914. прележал пегав тифус и бил на краток отпус кај своите родители; од 8. Јануари 1915 повторно бил на должност болничар во Ниш, се до повлекувањето на српската војска према Косово и, потоа, преку Албанија. Сравотилакот на војната, бедата и патењето на измачените српски војници, сеќавањето на мачеништвото и жетта за охристовување, ја засилиле неговата, долго негувана, одлука да прими монашки завет.

Во православниот храм во градот Скадар, воочи свети Василиј Велики, 31. Декември 1915/ 1. Јануари 1916 година, архимандритот Венијамин ( Таушановиќ), потоа владика браничевски, ги постригол младиот богослов Благоја Поповиќ и Милан Ѓорѓевиќ, подоцнежен Епископ Далматински Иринеј.

Младиот монах го зел името на свети Јустин Маченик и Философ (вториот век по Христос), великиот апологет во историјата на христијанската патристика и значаен христијански философ.

Свети маченик Јустин Философ

Свети маченик Јустин Философ

На предлог на Митрополитот Димитрије, подоцнежен Патријарх српски (1920-1930), српската влада во јануари 1916 испраќа група млади и даровити богослова меѓу кои и монахот Јустин, на Духовната Академија во Петроград.

Св. Јустин Поповиќ останал во Русија до јуни 1916 година, кога, после наговестувањата на болшевичката револуција и бурните случувања кои ќе следуваат, преминува во Англија, каде го прифатил Николај Велимировиќ, тогаш јеромонах, и го запишал на еден колеџ од Оксфордскиот универзитет. До 1919 годин отец Јустин ги завршил редовните студии по теологија, но диплома не добил, поради тоа што докторскиот  труд ,,Философијата и религијата на Ф.М. Достоевски‘‘ не му дил прифатен. Во завршното поглавје на дисертацијатамладиот докторант изложил остра критика на западниот хуманизам и антропоцентризам, особено на оној во римокатолицизмот и протестантизмот. На англиските професори им било тешко да примат таква критика, па од него барале да ги ублажи и измени своите ставови. Јустин Поповиќ не се сложил со барањата на професорите, и така на почетокот на летото се вратил во Србија без оксфордска диплома.

Веќе во септември 1919 година, Светиот Архијерејски Синод на СПЦ го праќа Јустин на Теолошкиот факултет на Атинскиот универзитет, каде останал до мај 1921, повторно ги положил потребните испит и стекнал докторат по правословно богословие на тема св. Макариј Египетски.

Во меѓувреме, во мај 1920, ракоположен е за јероѓакон, веројатно при една од кратките престои во Србија.

По враќањето во татковината поставен е за суплент на богословијата ,,Свети Сава‘‘, која во тоа време била преместена од Белград во Сремски Карловци. Таму од октомври 1921 предавал прво Свето Писмо на Новиот Завет, а потоа и Догматика и Патрологија. Потполно предавајќи се на просветителската и поучителна работа, ширејќи ја православната светоотечка методологија и светосавската просвета и култура, тој внел плодотворни новини во образовно-воспитниот живот на богословијата, а со тоа ги потиснал схоластчките и протестантско-рационалистичките методи на настава. Read the rest of this entry »

Житие на преподобниот отец наш Козма Мајумски, песнопоец на канони

02.02.2009 by megica

12/25 ОктомвриUspenie

Благочестивите родители на светиот Јован Дамаскин[1] , кои живееја во градот Дамаск, зедоа во својот дом едно мало христијанско сираче по име Козма, родум од Ерусалим, кое многу рано остана без родители. Побожните и сиромавољубиви родители на светиот Јован Дамаскин посинувајќи го малиот Козма го воспитуваа заедно со својот син Јован. Татко му на свети Јован, богат и угледен човек, доведе во својот дом еден многу учен и мудар учител, монах Козма и му ги повери двете момчиња: Јован и Козма, за да ги воспитува и учи. Двајцата светии од овој учител ја изучија мудроста Божја, но и човечка. Бистри и трудољубиви, тие за кратко време ја изучија книжевноста и философијата, а покрај тоа и астрономијата, музиката и геометријата. Божeнственото писмо го изучуваа со целите свои срца. Поради тоа беа ценети и почитувани од сите. Дури ги нарекуваа и втори Ератостени.[2]  Духовно пораснати и во зрели години, двајцата го напуштија светот и двајцата отидоа во лаврата на свети Сава Осветен.
Земајќи го на себе монашкиот јарем, Козма цврсто се подвизуваше, и со своите живот и богомудрост заблеска во Црквата Христова како ѕвезда на небескиот свод. Му помагаше на светиот Јован Дамаскин во составувањето на Осмогласникот, но и самиот испеа многу канони светителски. Со посебна убавина и длабочина се одликуваат каноните на Лазарева Сабота, на Цветници, на Страсната Недела.[3]
Подоцна свети Козма беше поставен од Патријархот Ерусалимски за епископ Мајумски.[4]  Како епископ, тој богоугодно го пасеше своето стадо на спасоносното пасиште Христово и доживувајќи длабока старост мирно се упокои во Господа.[5]
По неговите молитви Господи дај ни сили и желби за спасение, да ја спознаеме Вистината и да ја постигнеме Божјата Премудрост, но и да се удостоиме со спознание и на световните науки.

Извор: Архимандрит Јустин Поповић- Житија Светих за октобар

_________________________________________________________

[1] Св Јован Дамаскин – еден од најзнаменитите христијански песнопојци и богослови, се претставил во 776 година. Неговиот спомен Црквата го празнува на 4. декември. Најзначајно негово дело е ‘’Точно изложување на Христијанската Вера’’

[2] Ератостен – голем незнабожечки математичар, составил алгоритам за пронаоѓање на простите броеви во негова чест наречено Ератостеново сито

[3] Св. Козма напишал прекрасни канони за Успение на Пресвета Богородица, Божиќ, Крстовден, Сретение (со стихири), Педесетница, трипесници на понеделникот, вторникот, средата и петокот во Страсната Седмица. Исто така свети Козма ја составил особено богонадахнатата песна во чест на Пресвета Богородица: „Честнејшују херувим…“; Потоа канон на Велики Четврток, икос и 14 кондаци на Успение Богородичино, канони на: праведниот Јосиф, царот Давид, великомаченикот Георгиј, Григориј Богослов; составил и уште некои други црковни песни. Во однос на песната „Честнејшују херувим“ постои следново црковно предание: Оваа песна ѝ е многу пријатна на Пресветата Богомајка, и Таа му се јавила на св. Козма и со радостно лице му рекла: „Пријатни ми се твоите песни, ама оваа ми е најпријатна од сите други, пријатни ми се оние кои ми пеат духовни песни, но никогаш не им сум толку блиска како кога ми ја пеат оваа твоја нова песна“. Покрај тоа познатиот црковен историчар од 14. век Никифор Калист пишува, како многу кои се способни да ги созерцуваат духовните работи, често ја гледале Пресветата Богомајка како ги благословува оние кои ја пеат оваа песна. Дека оваа песна ѝ е угодна на Богомајката сведочи и фактот дека во ангелооткриената химна Нејзина „Достојно јест“, која самиот архангел Гавриил ја испеал и запишал, вклучена е и оваа песна. (заб. на прев.)

[4] Мајума – пристаништен град во Палестина, недалеку од Ерусалим. Св. Козма, против својата волја, бил избран од соборот и поставен за епископ од страна на Ерусалимскиот Патријарх Јован, околу 735. година. И како епископ одржувал постојани братски врски со светиот Јован Дамаскин.

[5] Свети Козма Мајумски скончал околу 787 година.

Исповед на еден поранешен адвентист

22.12.2008 by megica

Prorok OsijaИ ќе укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.

(Осија 2:11)

Ништо од наведеното официјално нема да слушнете, но тоа што е наведено во праксата е најчест случај – чест на исклучоците

Адвентистите сметаат дека токму ним им е доверена најточната и најголемата вистина за Бога, па согласно со тоа настапуваат. Тоа што се од скоро и за нив не претставува никаков хендикеп, оти сметаат дека Елена Вајт е токму таа избраната и пророкот преку кого Бог ги објави своите последни вистини и упатства за човештвото. Согласно со овој став, тие не признаваат повеќе ниту еден пророк по неа. Врз основа на нејзините списи конструирана е целокупната „теологија“ која главно се врти околу празнувањето на саботата, како главна споредна работа (ако за нив тоа воопшто е споредна работа), покрај верувањето во оправданата Христова жртва на крстот.

Покрај тоа, тие себеси се сметаат авангардни и во доменот на здравата исхрана што ја нарекуваат „здравствена реформа“ и без која не проповедаат ниту една „библиска вистина“. Многу често се случува многу од нултата група (група на неупатени, кои прв пат доаѓаат во допир со адвентистите), ќе се заинтересираат токму со приказната за здрава храна, а човек и да не биде свесен дека зад тоа нешто друго се крие. Паралелно со тоа, настапуваат луѓе кои заинтересираните луѓе систематски продолжуваат да ги обработуваат и тоа во неколку насоки, во зависност од интересирањето и степенот на образование. Личностите од нултата група научнички заинтересирани се привлекуваат и по пат на креационистички предавања. (Креационизмот, наспроти еволуционизмот, пропагира дека зад совршениот ред во природата стои Бог, и тоа се обидува научно да го потврди). Предавањата што се организираат за таа цел најчесто се организирани на познати јавни места, а како организатор практично никогаш не се декларира адвентистичката црква, туку „Библиотека Логос“, „Дописна библиска школа“, „Духовен и културен центар“ и слично. Се оди со таков пристап заради наводните предрасуди на луѓето кон сектите, па тие ги користат овие скривалишта за полесно да им се приближат. Некогаш токму заради тоа, нивните плакати изгледаат многу „православно“.

На предавањата за здрава храна (како и на сите нивни предавања), најчесто доаѓаат луѓе од 18 до 40 години, со средно и високо образование.

По тие предавања, сите мислат дека се попаметни, зашто такво нешто никогаш не чуле (се разбира дека никогаш не им паднало на ум да ги прашаат православните монаси како тие се хранат). Адвентистите „здравствената реторика“ ја пропагираат како свој сопствен патент, и многумина дури и стануваат адвентисти затоа што ќе поверуваат во тоа. Од искуство знам дека би имало многу помалку адвентисти кога би се разбила фамата за „спасение преку желудник“. Овие зборови од Мојсеевите книги каде некои видови животинска храна се прогласени за нечисти, пред сè се сфатени како здравствена заповед, а помалку церемонијална.

Но дури сега започнува заплетот! Тие сега пронаоѓаат научно објаснување за да го докажат тоа и тогаш се јавуваат некои смешни „докази“. На пример, свињата е нечисто животно, не само заради телесните особини (не преживува како кравата или овцата), туку затоа што јаде се. А се знае дека таа понекогаш сака да си го изеде дури и сопствениот измет. Кокошката од друга страна е „чисто“ животно, но никој не споменува дека и таа често го прави истото. Вака може да се „докажува“ во недоглед.

Што се однесува до креационистичките предавања, тука работата е појасна уште на стартот. Тука веднаш се гледа дека се обидуваат вас да ве „натераат“ во верата со тоа што (уште малку па) ќе докажат дека Бог постои по пат на некои аналогии и философски докази од минатите векови (на пример, онтолошкиот доказ). Методот не е сосема лош, токму заради тоа што некои бариери сепак на тој начин се рушат, но, во крајна линија, ако човекот не е склон да верува дека постои Бог, тоа ништо нема да му значи.

Во групата еден (покрај сега „втераните“ креационисти и застапници за здрава храна) спаѓаат на пример, личности кои релативно се лесен плен заради тоа што, ако малку веруваат дека Библијата е дадена од Бога, склони се да ги прифатат објаснувањата за негативностите што се пропратни појави при занимавањето со окултизмот (гатање, астрологија, магија и т. н.). Да бидам појасен: еден спиритист добива многу јасен одговор од Библијата од кој му е јасно дека самиот Бог (а не некој човек) му забранува занимавање со такви работи. По ова сознание, тој лесно се наоѓа во тешка дилема: „Постои Бог, ми ги прати овие луѓе, кои ми даваат просветлување; можам да бирам вечна смрт или да им се придружам. Во православието да е вистината, досега тие, којзнае колку пати би ми го објасниле тоа…“ Ако го отфрлиш ова, ќе те отфрли Бог! Се разбира, ова никој не ви го кажува со тие зборови, но од јавниот настап токму тоа се заклучува.

На овој начин, некој од групата бр. еден веќе преминал во групата бр. два. Со ваквите луѓе работата веќе полу е завршена. Таквите само треба да го усвојат празнувањето на саботата, да не пијат кафе, алкохол и да не јадат нечисто месо, па со тоа прагот на „подобноста“ е поминат, и ете, новиот адвентист е роден! Се разбира, сето ова длабоко да го усвоите, одите на курсеви за „библиски вистини“, каде што преку стотина систематски одбрани стихови, вашето уверување дека сте на вистинскиот пат, станува цврсто како камен. За жал, ретки се оние кои од силата на аргументите и претходното познавање на Библијата можат да се спротивстават на таквите убедувања. На ова место почнува процесот на „перење на мозокот“. Постепено го отфрлате дотогашното сфаќање, а бидејќи ве убедиле дека Библијата „многу подобро знае“, тогаш вие ги прифаќате, без некоја посебна проверка на информациите што ви се сервираат. За да останете и опстанете во такво опкружување (кое дури има и своја терминологија нетипична за „надворешниот“ свет), морате и да мислите како нив. Ако покажувате знаци на отпор на ваквата агресија, во тој случај ќе останат фини со вас, но, или ќе ве изолираат, или ќе станат уште понападно љубезни, за еден ден да ве книжат како верник. Ако до крајот на курсот не покажете знаци за противење на она што ви се сервира, брзо доаѓате до „крштевање“. Во спротивно ќе ве казнат со тоа што вас нема да ве „крстат“, па како половина печен, а недопечен, лошо ќе се чувствувате во тоа опкружување.

Друг метод за приоѓање на нултата или првата група е по пат на предавања (маратонски), кои задолжително се занимаваат со пророштва: тука се цени вашата љубопитност за иднината преку гледање во филџан, на ѕвезди, грав, карти, дланка, да се насочи кон регуларното „гатање во Библијата“. Тој метод секогаш дава резултати во смисла на обликување на нови надежни саботари и јеховисти, но кој има погубни ефекти кога е во прашање религиозната пракса на таквите личности. Сите знаат за „фаците“ кои ѕвонат на вратата, па, кога ќе отворите незадржливо почнуваат да зборуваат за крајот на светот. Никој нека не се залажува дека тие се осамени и неорганизирани поединци. Зад нив стои војничко организирано братство, кое знае што прави. Секој од тие „преподобници“ (кога се во прашање „Јеховините сведоци“) поднесува неделен извештај што и колку направил, и врз основа на тоа се оценува неговата ревност. Што има тој од тоа понатаму, е работа на „локалната имплементација“. Со интензивно инсистирање на приказната за „крајот на светот“ кај потенцијалните жртви се буди стравот за сопственото спасение (што секогаш не е контрапродуктивно), но со назнака: „Спасението е само кај нас! Зошто православните не ви го проповедаат ова кога знаат што пишува во Библијата? Секако дека не проповедаат кога се поклонуваат на слики во црквите и се молат на светците, наместо на Бога!“… И сè така, во тој стил. Неинформираниот православен верник, без некакви подлабоки корени, брзо ќе застане на нивна страна со забелешката: „Па да, навистина е така… Види ги само оние поповите како ги „дерат“ луѓето за крштевање, а ние ништо не разбираме што мрморат кога се молат“… Тука настапуваат нивните пет минути и сè што отсекогаш сакале да кажат против Православието (и римокатолицизмот, се разбира – ним и онака им е се исто) ќе го исфрлат како од топ. Многумина дури и не ја чекаат вашата забелешка, туку веднаш, при првата средба ќе ве нападнат со вакви клеветења. Тие тоа го прават без никаков срам, бидејќи сметаат дека Бог им одобрува што така прават за Него! За жал, не се борат толку срдечно за чистотата на верата кога нивната секта е во прашање, Зашто „ете, сите ние сме грешни, сатаната нас нè искушува“. Изгледа дека само ним Бог им ги толерира гревовите, и дека само ним им простува, бидејќи единствено тие „знаат“ што е „вистинско покајување“. Во ваков стадиум се навлегува дури кога ќе имате стаж во трите групи на целосно предадени следбеници на сектата. За жал, за голем дел од нив, веќе е доцна зашто мозокот веќе им е „измиен“ и сите механизми на самокритика атрофирале. Заради тоа во редовите на адвентистите може да има поддршка и организација каква што е АДРА, која само на хартија е исклучиво хуманитарна организација, а во стварноста има изразена, но прикриена прозелитска дејност. Дека тоа е така, потврдува и фактот што водачите од АДРА, секогаш се жалат дека, ете, поделиле толку и толку храна и пакети, а дека се крстиле само толку и толку (изгледа очекувале дека нашиот народ е толку неправославен, што по првиот залак од нивната „помош“ ќе ја промени верата. Ако се случи во некоја средина да има многу луѓе за пакети, а помалку за „крштевање“, тие продолжуваат да ги хранат само оние кои се „крстиле“, или се подготвуваат да го направат тоа. За другите нема! И сето тоа е согласно со Библијата (има и стихови на кои тогаш не се повикале).

Голем адут им беше блокадата на Сараево кога единствено АДРА, покрај УНПРОФОР, можела да влезе во градот. А како влегувала? Па убаво, давале по десетина илјади марки за да се пропушти конвојот, а и дел од товарот го отстапувале. Сè за реклама: АДРА единствено поминувала (се разбира, кога Бог е „на наша страна!“). Верниците кои во Србија и по светот ги слушаат овие приказни не насетуваат за какви малверзации се работи. Се прашувам, со кои пари подмачкувале за време на хиперинфлацијата, кога адвентистичките цркви во Белград, од прилозите на верниците, не можеле ни за струја да соберат? Тогаш платите на проповедниците биле по 150 марки (што стигнувале од странство) додека верниците од своите 1-2 марки давале десеток на име плата за тие исти проповедници. Или од кои пари е купен адвентистичкиот теолошки факултет на Баново брдо (цена 1,5 милион марки) и луксузно реновиран и опремен (300.000 марки од „непознато“ потекло). А мнозината верници мисли: „Бог ни се смилува!“

Дека сè „смрди“ – се гледа и кога верникот (читај – јас) ќе почне да поставува „незгодни“ теолошки прашања. Тука започнува менталната тортура. Најпрво, искрено се загрижуваат за вас заради „девијација“, се обидуваат да ве убедат во спротивното, ако не успеат со „мек“ начин, тогаш се пристапува кон многу ефикасниот метод: во вас будат страв дека нема да се спасите ако отстапите од важечките доктрини, зашто дознавајќи за таква „светлост“, сте одговорни пред Господа и во тој случај Он ќе ве отфрли и вас. Паралелно со ова убедување, тие подигаат и заштитна ограда кон вас, оти и самите се плашат од „зарази“ од такви идеи на проверка на „проверените библиски вистини“, па на крајот и самите брзо сфаќате дека вас ве третираат како ментално болен, на кого треба да му се врзе лудачка кошула и да се затвори во некоја мрачна ќелија, за никој да не го вознемирува. Сите оние кои се обидувале да разговараат со класичен секташ (а и јас бев таков) наидувале на самоодбрана. Желбата за неразмислување, залулкување е толку силна што човекот во таква средина го претвора во најобично растение, кое едвај дава знаци на ментален живот. Затоа вие официјално никогаш не можете да обвините некоја секта од типот на адвентистите за тортура на своите членови, зашто тие членови, во крајна линија, со нивна помош, самите на себе си го „мијат мозокот“.

Кога се во прашање адвентистите, тука се јавува и параноичниот страв од гонење (сигурно адвентистите сите еден ден ќе ги гонат зашто не сакаат да јадат свинско, и затоа што упорно ја празнуваат саботата). Таа манија се подгрева дури и со нивната „теологија“, откако Елена Вајт прорекла дека тоа ќе се случи. Така имаме многу комични ситуации со бројката саботари: доволно е некаде некој негативно да ги спомене или, не дај Боже, да ги обвини (основано или неосновано), и тие, веднаш почнуваат помеѓу себе да шепотат за тоа како се приближува крајот на светот, зашто, еве, тука се првите знаци на „прогонство“ (тоа е токму нивниот официјален термин). Ако тоа го стори некој православен свештеник, температурата меѓу нив толку се покачува што веднаш се организираат молитвени состаноци.

Во колку се случи сепак да ги напуштите, тогаш најчесто се применува методот на ненаметлива, но практично непробојна изолација од поранешните членови. Потоа, и да се случи со некого да разговарате, немате впечаток дека и тој разговара со вас, туку дека тој несвесно почнува да ве убедува дека многу пропуштате – губите што не сте во сектата.

На крајот, морам да кажам дека сум многу нажален заради многу мои поранешни пријатели, кои поради неверојатниот страв за најтврда конзервативност на своето мислење ја отфрлија понудената рака на пријателство. Најтажен е фактот што на таквите личности може да им помогне единствено Господ и нашата молитва. Било каков разговор и убедување доведуваат до уште подлабоко повлекување во својата „куќичка“ од челик на сопствената заблуда.

Адвентистите сметаат дека најмногу ќе ги прогонуваат оние кои некогаш биле нивни членови. Не сакам да ги изгубам засекогаш, за мене драгите луѓе, така што ќе им потхранувам една таква заблуда. На оние кои не загазиле во ниту една секта, треба да им се зборува за убавината на Православието, а другото ќе си дојде на свое место.

Поранешен адвентист

Превземено од:  http://povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=386&Itemid=86

БОГОРОДИЧНО ПРАВИЛО ПО УСТАВОТ НА СВЕТИСЕРАФИМСКО-ДИВЈЕЕВСКИОТ МАНАСТИР

06.12.2008 by megica

UmilenieПреподобниот Серафим Саровски ги благословил своите духовни чеда секогаш кога ќе вршат литијски вход по Канавката (каналот околу Дивјеевскиот манастир, за кој се верува дека Атихристот не ќе може да го премине), да ја читаат ‘‘Богородице Дево‘‘ 150 пати, односно да го читаат Богородичното правило, кое го содржи целокупниот живот на Пресветата Мајка Божја, кое е поделено на 15 дела според најважните случки од Нејзиниот живот. По откровение на самата Богородица исполнувањето на ова правило поважно е од Акатист, и оној кој што го исполнува ова правило се наоѓа под посебна заштита на Царицата Небесна.
,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘

БОГОРОДИЧНО ПРАВИЛО
Прва десетка

Оче наш кој што си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го Ти денес и опрости ни ги долговите наши како што и ние им ги проштеваме на нашите должници, и не не воведувај во искушение, но избави не од лукавиот.
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благославен е плодот на утробата Твоја, зашто си го родила Спасителот на душите наши (х10).
Тропар на Рождество Богородично, глас 4:
Рождеството Твое, Богородице Дево, му јави радост на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата Христос, Бог наш. Тој ја уништи клетвата и ни даде благослов, ја победи смрта и ни даде живот вечен.

Втора десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Воведение Богородично
Денес е почетокот на Божјата милост и проповеди за спасение на луѓето, во храмот Божји јасно Дева се јавува и однапред Христа на сите го предвестува, затоа и ние велегласно да и воспееме: Радувај се, исполнение на Божјата промисла!

Трета десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Тропар на Благовештение:
Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благодат благовестува. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радуј се , благодатна, Господ е со Тебе.

Четврта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Радосната средба со св. Елисавета:
Достојно е навистина да Те ублажуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено го роди Бога Словото, вистинска Богородице ние Те величаме.

Петта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Тропар на Рождеството Христово, глас 4.
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на познанието, оние што им служеа на ѕвездите, од ѕвездата се поучија да Ти се поклонуваат Тебе, Сонцето на правдата и да Те познаат Тебе како Исток на висините. Господи слава Ти.

Шеста десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Сретение Господово, глас 1.
Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето на Правдата, Христос нашиот Бог, Кој ги просветува оние кои се во мракот. Весели се и ти, старче праведни, што си го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение!

Седма десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Кондак Богородичен- Бегство во Египет, глас 8.
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедливаа, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Осма десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Кондак богородичен- тридневните грижи за време на трагањето по дванаесет годишниот Исус Христос, глас 8.
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Деветта десетка
Оче наш…
Богородице Дево… (х 10)
Кондак Богородичен, Спомен на чудото во Кана Галилејска глас 8:
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Десетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Страдањата на Голгота:
Благообразниот Јосиф, симнувајќи го од дрвото Твоето Тело пречисто, го обвитка со чиста плаштаница, и помазувајќи го со мириси го положи во нов гроб.
Не ридај заради мене Мајко, гледајќи го в гроб Синот, Кој бессемено си го зачнала; бидејќи ќе воскреснам и ќе се прославам, и ќе ги вознесам во слава, непрекинато како Бог, оние кои со вера и љубов Те величаат.

Единаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Воскресение
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие во гробовите живот им даде (х3).
Ангелот и воскликнуваше на Благодатната: Чиста Дево, радуј се, и пак Ти велам: радуј се; Твојот Син воскресна третиот ден од гробот, и ги подигна мртвите; народи веселете се!
Блескај, блескај, нови Ерусалиме, бидејќи славата Господова те обсјаи. Ликуј сега и весели се Сионе, а Ти радувај се, Богородице чиста, поради воскресението на Синот Твој.

Дванаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Вознесение, глас 4.
Си се вознесол во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, откако си ги уверил преку словото Твое, дека си Ти Син Божји – избавител на светот.

Тринаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Педесетница, глас 8.
Благословен си, Христе Боже наш, Ти ги умудри рибарите откако им испрати Дух Свети, преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.

Четиринаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Успение, глас 1.
Раѓајќи девството си го запазила, со успението светот не си Го оставила, Богородице, при живот си отишла, Мајко на Животот, со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.

Петнаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево (х 10)
Достојно е навистина да Те ублажуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено го роди Бога Словото, навистина Богородица ние Те величаме.

По преданието на руските монаси, Богородичното правило е правило кое самата Мајка Божја го открила во 8. век и истото некогаш го исполнувале сите христијани. Во ќелија на св. Серафим Саровски е пронајдена тетратка во која се опишани чудата кои им се случувале на оние кои секојдевно го исполнувале Богородичното правило. Многу од монасите и јереите кои биле блиски со свети Серафим Саровски, исто како и од неговите духовни чеда секојдневно го исполнувале ова правило. Еден од нив е схимонахот старец Захарија (1850-1936). Тој говорел: ,,Без благословот на Царицата Небесна, деца мои, ништо не правете. Кога ќе завршите некоја работа, заблагодарете и Нејзе, Брзопомошницата во се богоугодно. Старецот многу се радувал кога некој од неговите духовни чеда го исполнувал Правилото. Друг старец, отец Данило Гумановски, кроток и тивок молитвеник, целиот свој живот го исполнувал Богородично правило. Поради љубовта кон Небесната Царица, за време на животот бил наречен Богородичен старец. Во едно зачувано писмо кон едно свое духовно чедо напишал: ,,Ќе ви дадам еден вистински спасоносен совет – читајте ја секојдневно по 150 пати Богородице Дево, и таа молитва ќе ве спаси. Ако ви е тешко на почетокот 150 пати дневно да ја кажувате оваа молитва, читајте ја по 50 пати на ден. По секоја десетка читајте по еднаш Оче наш и по еднаш Отвори ни ги дверите на милосрдието…
Старецот Захарија многу го ценел епископот Серафим Звездински, кој секојдневно го исполнувал Богородичното правило, при што се молел за спасение на целиот свет. На едно од своите духовни чеда епископот Серафим му го предал начинот на кој се молел на Секогаш Девата Марија, после секоја десетка:
1. Спомнувајќи го раѓањето на Пресвета Богородица се молиме за мајките, татковците и децата.
2. Спомнувајќи го Воведението во храм на Пресвета Богородица се молиме за заблудените и отпадниците од верата.
3. Спомнувајќи го Благовештението се молиме за утешение на оние кои тагуваат
4. Спомнувајќи ја средбата на Пресвета Богородица со Елисавета, се молиме за средба на раздвоените – деца и ближни кои исчезнале без вести
5. Спомнувајќи го Раѓањето Христово се молиме за препород на душите и раѓање на нов живот во Христа.
6. Спомнувајќи го Сретението Господово и се молиме на Мајката Божја да не удостои да се причестиме со Пресветите Тајни Христови пред нашиот крај
7. Спомнувајќи го бегството во Египет на Мајката Божја со Богомладенецот, се молиме да ни помогне Небесната Царица да ги избегнеме искушенијата и да се избавиме од животните напасти.
8. Спомнувајќи го исчезнувањето на дванаесетодишниот Исус Христос во Ерусалим, и грижите на Мајката Божја за тоа време, и се молиме на Мајката Божја за постојана Исусова молитва.
9. Спомнувајќи го чудото во Кана Галилејска, кога Господ ја претворил водата во вино, по молбата на Мајката Божја: ,,немаат повеќе вино’’, ја молиме Мајката Божја да ни помогне во работата и да не избави од секаква опасност.
10. Спомнувајќи ја Мајката Божја под Крстот Господов кога тагата како меч и поминала низ нејзината душа, и се молиме на Мајката Божја да ни ги укрепи душевните сили и да го изгони унинието од нашите души.
11. Спомнувајќи го Воскресението Христово, ја молиме Мајката Божја да ги воскресне нашите сили и да ја бодри нашата душа за подвиг.
12. Спомнувајќи го Вознесението Христово на кое присуствувла и Мајката Божја, и се молиме на Небесната Царица да ја издигне нашата душа од земните суетни забави и непрестано да не упатува кон спасение
13. Спомнувајќи ја Сионската горница и Слегувањето на Светиот Дух на Апостолите и на Мајката Божја, се молиме: Срце чисто соѕидај во мене и дух прав обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето Твое и Духот Твој Свет не го одземај од мене.
14. Спомнувајќи го Успението на Пресвета Богородица се молиме за мирен, бессрамен и безметежен наш крај.
15. Спомнувајќи ја славата на Мајката Божја со која Таа се венчала на небото по Нејзиното Успение, се молиме на Царицата Небесна да не остави верни нас кои живееме на земјата, и да не заштити од секое зло со Својот покров.

По секоја десетка епископот Серафим Звездански се молел на свој начин, кој никому не му го открил, тој начин го знаат само Господ и Царицата Небесна, а една монахиња – негово духовно чедо, по секоја десетка се молела вака:
1. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги и сочувај слугите Твои (имињата на родителите и роднините), а оние кои умреа (имината) со Светиите упокој ги во вечната слава Твоја.
2. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги, сочувај и присоедини ги во Светата православна Црква заблудените и отпаднати слуги Твои (имиња)
3. О, Пресвета Владичице Богородице испрати им утеха на слугите Твои, кои тагуваат и боледуваат (имиња).
4. О, Пресвета Владичице Богородице, соедини ги разделените слуги Свои (имиња).
5. О, Пресвета Владичице Богородице, даруј сите оние кои се огласени да постанат крстени.
6. О, Пресвета Владичице Богородице, удостој ме да се неосудено, при последното издихание, причестам со Пречистите Тајни Христови.
7. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ни да ги избегнеме искушенијата и избави не од секоја напаст.
8. О, Пресвета Владичице Богородице, Пречиста Дево Марие, дарувај ме со непрестајна молитва Исусова.
9. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ми во секое дело и избави ме од секаква опасност и тешкотија.
10. О, Пресвета Владичице Богородице, Преблагословена Дево Марие, одгонувај го унинието од мојата душа и укрепи ги моите душевните сили.
11. О, Пресвета Владичице Богородице, воскресни ја мојата душа и дај ми сила за подвиг.
12. О, Пресвета Владичице Богородице, избави ме од суетни помисли и дај ми ум и срце желни за спасение.
13. О, Пресвета Владичице Богородице, испрати и укрепи ја благодатта на Светиот Дух во моето срце.
14. О, Пресвета Владичице Богородице, направи крајот од мојот живот да биде непосрамен и мирен.
15. О, Пресвета Владичице Богородице, сочувај ме од секое зло и заштити ме со чесниот Твој покров.

Дивјеевскиот манастир од свети Серафим оживеа 1991. година. Бачушката рекол дека обновениот манастир ќе заживее со 1000 монахињи. Велик литијски вход по Канавката со исполнување на Богородичното правило се врши на:
1. Споменот на св. Серафим Саровски 2/15. Јануари;
2. Празникот на Мајка Божја и нејзината икона ,,Умиление’’, 27. Јули/ 10. Август, со иконата на Царицата Небесна и со моштите на преподобниот Серафим;
3. Целата Светла седмица, секојдневно по светата Литургија со читање на Воскресниот канон, Воскресните стихири и Евангелието.
4. Успение на Пресвета Богородица, 15./28. Август;
5. Празникот на востановувањето на Млинската обител, 9./22. Декември;
6. 1./14. Јануари на полноќ, пред празникот Обрезание Господово;
7. На сите Господови празници;
8. При посета на чудотворни икони во Дивјеево

Светиот и славен великомаченик Фануриј

06.12.2008 by megica

sv-fanurijЗа светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик, не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел, а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал. Неговото житие се изгубило.

Она единствено што го знаеме е тоа, дека кога Агарјаните го освоиле познатиот остров Родос, заземајќи го поради нашите гревови, новиот владетел на островот пос житие се изгубило.

Она единствено што го знаеме е тоа, дека какал да ги обнови бедемите на градот, кои биле разурнати од претходните опсади. Во близина на тврдината постоеле неколку руинирани живеалишта, кои биле напуштени, бидејќи биле блиску до старата тврдина. Агарјаните собирале камења од руините за сопствените градби.

И така се случило. Додека го ископувале и зајакнувале местото, откриле една прекрасна црква, која била делумно затрупана во урнатините. Копајќи до подот на храмот, наишле на многу свети икони, сите распаднати и истрошени, но иконата на свети Фануриј била целосна и неоштетена; и уште повеќе, изгледала како да е зографисана многу скоро. И кога овој сечесен храм бил откриен, заедно со овие свети икони, архијерејот на тоа место, Нил, човек свет и учен, дошол и го прочитал натписот на иконата, кој гласел, ,,Свети Фануриј’’.

Светецот на иконата е насликан на следниов начин: Претставен е како млад човек, облечен како војник, држејќи во десната рака крст, а на горниот дел од крстот има запалена свеќа. Околу, на иконата, има 12 сцени од мачеништвото на светиот, кои го прикажуваат светецот испрашуван пред владетелот, потоа во средина на мноштво војници, кои го удирале со камења по устата и по главата, потоа растегнат на земјата додека војниците го камшикувале, потоа слечен гол, додека мачителите му го расцепуваат телото со железни куки; следува сцената каде е затворен и повторно застанат пред владетелот, па горен со свеќи, врзан за справа за мачење, фрлен помеѓу диви ѕверови, притиснат од голема карпа, застанат пред идоли држејќи в раце зажарен јаглен, додека еден демон во близината плаче и жали, и на крај свети Фануриј е претставен како стои исправен насреде пламени јазици, а неговите раце, се кренати кон небото.

Од 12-те сцени прикажани на иконата, светиот владика сфатил дека светителот бил маченик. Потоа, веднаш испратил барање до локалните владетели, барајќи од нив да му дозволат да го возобнови разрушениот храм, но тие го одбиле барањето.

Поради тоа, владиката сам отпаувал во Константинопол и таму добил одлука, која му овозможила да ја обнови црквата. Откако ја обновил, таа се наоѓа во истата состојба и денес, надвор од градот. Оттогаш црквата станала извор на многу чуда, од кои овде ќе опишеме едно за корист на многумина, кои го сакаат и ценат овој светител.

Во времето кога островот Крит немал православен епископ, ами римски, папски бискуп, бидејќи бил под венецијанска власт, истите Венецијански власти одбиле да им дозволат на православните да хиротонисаат епископ по смртта на старите епископи. Тоа го направиле со зла намера, мислејќи со тек на времето да ги претворат православните во паписти. Ако православците сакале да ја избегнат оваа одлука, морале да одат во Цитера.

Се случило еднаш тројца ѓакони од Крит, кои патувале кон Цитера да бидат ракоположени за свештеници од тамошниот архијереј, Откако биле ракоположени, и се враќале кон сопствената земја, Агарјаните ги заробиле на море и ги однесле на Родос, каде што биле продадени како робови на други Агарјани. Новите свештеници деноноќно ја оплакувале својата несреќа.

Но, на Родос свештениците дознале за големите чуда направени од великомаченикот Фануриј и веднаш почнале срдечно да му се молат на светителот, преколнувајќи го со солзи да ги ослободи од жестокото ропство. А, секој се молел посебно, без да знае што прават другите, бидејќи тие биле продадени на различни господари.

По Божјата промисла, сите тројца добиле дозвола од сопствениците да појдат во храмот на светецот, Водени од Господа, сите тројца истовремено пристигнале и паднале пред иконата на светецот, навлажнувајќи ја земјата со поток солзи, молејќи го свети Фануриј да ги избави од рацете на Агарјаните.

Потоа се разделиле, малку посмирени, секој кај својот господар, надевајќи се дека ќе добијат милост. Така и се случило; бидејќи светиот се сожалил над нивните солзи и ги услишал нивните молитви. Таа ноќ, свети Фануриј им се јавил на Агарјаните, кои биле господари на заробените свештеници и им наредил да им дозволат на Божјите слуги да одат и да му служат во неговиот храм, ако не сакаат на ужасен начин да бидат уништени. Но, Агарјаните, мислејќи дека е тоа некое волшепство направено од свештениците, ги оковале во вериги и ги направиле нивните страдања уште понеподносливи.

Великомаченикот Фануриј потоа отишол кај свештениците, ги ослободил од оковите и ги охрабрил, велејќи им дека наредниот ден, на некаков начин, ќе ги ослободи. Потоа се појавил пред Агарјаните и строго укорувајќи ги, рекол: ,,Ако утре не ги пуштите вашите слуги на слобода, ќе ја дознаете силата Господова’’ – велејќи го тоа, светецот исчезнал. И, ете чудо! Во истиот момент од најмалите до најстарите кои живееле во тие куќи – ослепеле и се парализирале, измачувани од најужасни болки.

Но, иако приковани в кревет, со помош на нивните роднини тие размислувале што да прават и на крајот решиле да ги повикаат заробените свештеници. И кога пристигнале тројцата несреќни свештеници, побарале од нив да ги излекуваат ако можат, а свештениците одговориле: ,,Ние ќе го молиме Господа. Нека биде Неговата волја.’’

Но светецот, третата вечер, повторно им се јавил на Агарјаните и им рекол: ,,Ако не пратите во мојот дом писма за ослободување од ропство на свештениците, вие не ќе имате ниту здравје, ниту светлина, кои ги барате.’’ Тогаш тие повторно се посоветувале со своите роднини и пријатели, секој господар посебно составил писмо за ослободување на својот роб и истите тие писма биле однесени пред иконата на светителот. И чудо!

Дури и пред да се вратат оние што биле испратени во храмот, слепите и парализираните, оздравеле; и восхитувајќи се, ги ослободиле свештениците и пријателски ги испратиле во нивната татковина. Свештениците откако направиле копија од иконата на свети Фануриј, се вратиле дома. Потоа секоја година, побожно го славеле споменот на светителот. По молитвите на светиот маченик Фануриј, Господ Исус Христос да се смилува на нас!

(Извор: Orthodox Life., Holy Trinity Monastery, Jordanville, New York., No.4.1982., pp. 11-12 & 20)

Тропар, глас 4

Небесна песна од пофалби се пее на Земјата, ангелските сили го слават земниот празник со радост од висините со химни ги фалат твојата борба и страдање, а долу црквата ја возгласува небесната слава што ја најде со твоите страдања и маки, о славен Фанурие.

Кондак,глас 3

Од безбожно заточение ги избави Господовите свештеници, и ти Богоумен, со божествена сила ги скина нивните окови, храбро ја посрами дрскоста на мачителите, радувајќи ги ангелите, великомаченику, Фануриe сеславен, те почитуваме како вистински воин Божји

Кај побожните православци постои обичај, ако изгубат нешто, месат кравајче (по грч. Фануриопита). Свети Фануриј, заштитникот на изгубените работи, им помага на луѓето да пронајдат; од парчиња накит до здравје и радост. ,,Фануриј’’ доаѓа од грчкиот збор ‘’фанероно’’ (открив). Кога се бара помош од свети Фануриј, кравајчето се меси за прошка на гревовите на неговата мајка, која според преданието од Мисир (Египет), била грешница. Кравајчето се носи в црква за да се освети. По осветувањето на кравајчето, истото се раздава ,,за душа’’ за мајката на светецот, кој според преданието им ветува застапништво на луѓето, молејќи ги и тие да се молат за неговата мајка, исто онака како што и тој се молел при неговите страданија.

Со светиите упокој ја Господи мајката на свети Фануриј, а нас спаси и помилуј нè по неговите свети молитви! Амин!

Фануропита

1 чаша шеќер
1 чаша растително масло
2 чаши сок од портокал
3/4 чаша суво грозје
3/4 чаша сецкани ореви
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка ванила
4 чаши брашно
Малку сол

Измешајте ги шеќерот и маслото додека да се згустат. Растворете ја содата во сокот од портокал и истурете ја полека во шеќерната мешавина. Додадете ги другите состојки и истурете во намрсен плех. Печете на 180ºC околу 45 минути. Исечете на коцки, откако ќе биде благословено од свештеникот.